Еротски приказни: УБАВИ МОМЕНТИ
Сакав сѐ да трае бескрајно долго, овој миг никогаш да не заврши, оваа ноќ да трае бесконечно, овие два дена да се вечност, со овој мирис на љубовта да сме споени засекогаш. Да му го гледам неговото лице, неговите блескави очи, да мечтаеме заедно. Да го слушам неговиот прекрасен глас, неговите усни, што бев желна да ги бакнувам постојано. Пеперутките што ми летаа во стомакот откако го видов Ален, се размножија во поголем број и ако отворам уста имав чувство дека ќе почнат да летаат надвор од стомакот. Да, бев заљубена како секоја нормална жена. Прошетавме, вечеравме и водевме љубов. Има ли од тие моменти нешто поубаво? Но, тие се куси, драгоцени и многу брзо ќе поминат. Да, страв ми беше дека ќе поминат. Меѓутоа, се надевам дека ќе продолжат“.
Седнавме на терасата тесно припиени еден до друг. Пуштивме тивка музика и Ален ме гушкаше. Ние бевме две заљубени птици. Јас бев птицата на која крилјата и се заштитени и е прегрната со неговите поголеми и посилни крилја. Се чувствував посакувана, силна и моќна. Ја набљудувавме месечината со нејзиниот темен блесок што го опседнала целото небо и ѝ се воодушевувавме на нејзиниот величествен сјај и нејзината величествена топлина.
Тој ми проговори: „Каролина, ти многу си ми мила. Откако ми кажа каде сакаш да одиш и да отвориш ресторан, секоја ноќ сонувам ист сон. Живееме на брегот од океан. Го замислувам ресторанот, направен во шаренолик спој од повеќе нивоа, со тераси, привлечен каде што доаѓаат и престојуваат туристи од целиот свет. Се запознаваме, се дружиме и разговараме, едноставно живееме безгрижен живот. Горе се собите за спиење, а долу е ресторанот. Надвор на масички седат луѓе покриени со чадори со сламени покриви. На секоја масичка дува вентилатор. Главни специјалитети се рибите и морските плодови, но се готват и разни вкусни специјалитети од нашето поднебје. Млади момци и девојки служат храна и пијалак. На отворено е топло, меѓутоа жешкиот воздух го разладува треперливото ветре, што непрекинато дува. Кога ќе погледнеш низ океанот, ја чувствуваш неговата слобода и бескрајниот простор. Неговите сини бранови ги развиоруваат малите бротчиња преполни со рибари кои го чекаат својот плен да го уловат за дел да имаат да се прехранат, а дел да го продадат на ресторанот и на мештаните, а и подалеку. По напорниот ден, секое попладне јас и ти си лежиме на лежалки и ѝ се воодушевуваме на бескрајната шир“.
Му се насмевнав и го дополнив: „И јас имам слични фантазии. Планирам да работам наутро додека се готви храна. Освен солени специјалитети имам желба да правам и благи торти и колачи. А ресторанот? Да биде како од бајките. Горе соби за преспивање, а долу ресторанот. Нашата куќичка да биде до ресторанот. Мала, со сламен покрив. Околу куќата и ресторанот да има дворче посадено со палми и леандри. Наутро ќе работиме, попладне ќе се одмараме. Одиме на плажа да го набљудуваме океанот, а со нас се нашите деца. Ним ќе им дадеме избор – да останат со нас и да се школуваат или да си дојдат овде во мојата куќа – што е наследство од моите баба и дедо“. Ален на тоа се насмевна и не искоментира ништо.
Потоа, продолжив: „Попладнето ќе биде наше. Ќе се сончаме и ќе се милуваме. Го сакам твојот мирис да е до мене и ги сакам твоите врели бакнежи. Кога ќе бидеме сами на брегот, ќе водиме љубов. Да, ја сакам работата, но и љубовта. Јас планирам да го направам тоа, се разбира ако се наредат коцките и ако ми дозволи среќата, меѓутоа, ветувам дека ќе бидам упорна за да ја остварам мојата желба“.
Ален се израдува слушајќи ги овие мои зборови и се надоврза: „Не мора да сме сами на плажа. Сигурно ќе имаме мало бротче. Да, јас замислувам како одиме со бротчето да шетаме. Застануваме и пливаме во океанот. Двајцата сами, прегрнати. Твојата кожа, што е предизвикувачки мека и топла, ми ги отвора сите сетила. Моите раце ги допираат твоите убави гради и ги допираат твоите убави нозе. Се качуваме на палубата“.
Ален прекина, стана и од фрижидерот донесе две чаши црвено вино и апетисани и продолжи: „Јас легнувам на земја, а ти над мене. Мојот „орган“ не може да издржи. Се крева, а ти го бакнуваш и го лижеш заедно со сите сокови. Потоа, јас те завртувам да дојдам до твојата врела „внатрешност“. Се движам со јазикот надолу. Ти ги лижам колковите, па преминувам низ твојот убав и совршен задник. Полека, нежно и внимателно го отворам твојот „цвет“. Ти ги лижам твоите врели и дебели „усни“ – твојот клиторис. Ти ме гризеш и врескаш. Подоцна, седнуваш над мене и почнуваш полека да се приспособуваш кон мојот „орган“, но не можам да издржам и го „забивам“ во тебе длабоко. Се соединуваат копнежот и страста. Ти се нишаш во ритамот на океанските ветрови по кои се движат и брановите што го заплискуваат бротчето. Не може да издржи мојата напнатост, те фаќам за колковите и те движам сѐ побрзо и побрзо. Мојата семена течност се излива „во тебе“. Задоволството е бескрајно“.
„Да“, му потврдив и го дополнив: „Сигурна сум дека е убаво водење љубов на бротче. Не мислиш на ништо, ѝ се препушташ на океанската тишина, само звуците на океанските птици го прекинуваат мирот. Не постои секојдневие, не постои вознемирување, никој не ѕвони ни на врата, ни на мобилен за да го прекинува твојот мир и твојата расположеност. Тивкото ветерче ни ги гали лицата, постои само опуштеноста и желбата да бидеме заедно. Искреноста и вистината се главни. Нема лаги, криење, лажење и неверство“.
ОСАМЕНА