Еротски приказни: ВИКЕНДОТ ЗАВРШИ
Последна ноќ во куќата на езеро. Видувањето многу нови, обични, но за мојот дух необични работи, да прошетам, да не испуштам нешто, ме оплеменија. Ми го збогатија духот, како кралска ризница, од сѐ она што го видов и го доживеав. Сето ова ја предизвика мојата преумора што надвладеа и очите ми се затвораа уште додека водевме љубов со Ставре.
Задремав и низ полусон ги слушнав зборовите на Теодора која се качи горе и разговараше со Ставре: „Утре наутро може да поспиеме. Ние ќе пиеме кафе и ќе тргнеме. Сите заедно ќе се чекаме и ќе одиме во едно кафеанче каде што ќе направиме пауза и ќе јадеме и од таму ќе продолжиме за дома. А сега, добра ноќ и ви посакувам убави сништа“.
Овие убави зборови ми го разнежнија срцето. Убаво е на крајот да го заокружиме нашето пријателство. Инаку, не ги сакам разделбите. Ако постои другпат и прашање е дали ќе се видиме и никогаш нема да бидеме во ист состав. Сега е мигот и можеби никогаш нема да биде исто.
Се разбудив. Сум спиела тешко и кога ги отворив очите се чувствував лошо. Каминот гореше цела ноќ, беше пријатно, а куќата беше релативно топла.
Упатив поглед кон Ставре. Ме прегрнал и кротко спиеше.
Гледајќи го во оваа позиција, никогаш не би претпоставила дека синоќа го видов како води љубов со плава девојка. Која и да беше, не им беше првпат да водат љубов. Ние не сме во обична врска, па да се лутам. Знам дека нашата врска се случи брзо и ненадејно. Сепак, почитта треба да преовладува. Колку и да бев рамнодушна, не ми беше пријатно и не сакав да мислам за мамењето на Ставре. Можеби затоа и не бев многу расположена.
Кога се запознавам со некого, барем на почеток треба да си веруваме меѓусебно додека да стекнеме доверба еден кон друг. Јас се разделив од мојот сопруг поради недоверба и чекам судски процес за да завршам со него. Затоа, овде дојдов да одморам од сѐ, а влегов повторно во пајакова мрежа. Се прашував во што да верувам.
Устата ми беше сува, а јазикот залепен за непцето. Веднаш ставив џемпер врз пижамите и тивко излегов надвор. Беше темно, меѓутоа ѕвездите уште светеа и ја раствораа темницата. Седнав надвор на малата масичка. Филџаните беа тука и бокалот со вода. Ставив во мојот филџан кафе и турив вода во чаша и се напив голтка. Сувоста намали и полека го испив кафето и ја испив водата. Устата ми се навлажи и јазикот го помрднав. Веќе ми беше подобро.
Ги погледнав ѕвездите. Вечни, недостижни и неранливи. Никој не може да ги повреди или наштети. Можеш да ги обожаваш, можеш да ги гледаш, можеш да ги мразиш, но тоа е субјективно. Тие векови и векови гордо стојат и светат победоносно. Небото е татковина на тие сјајни вечни жители на небото. Да, небото е нивна фамилија – нивен сјај. Нивната мистичност и мистериозност останува бескрајна загатка.
Некој ме прегрна одзади. Тоа беше Ставре, шепнувајќи ми тивко: „Мила, си станала од кревет. Јас в сон се завртив кон тебе и забележав дека не си в кревет и станав да те барам“.
Сакаше да каже уште нешто, меѓутоа го прекинав и му кажав: „Се разбудив, устата ми беше сува и слегов да се напијам вода. Излегов надвор, на маса го најдов бокалот вода и од еспресо-кафето си ставив кафе во филџанот и вода во чашата. Полека пиев и ги набљудував ѕвездите. Каква убавина, каква величественост. Тие се енергични, силни и вечни“.
Ставре почна да се смее велејќи ми: „Се е во ред, те разбирам дека ги обожуваш ѕвездите. Знаеш дека многу сме изморени. Ајде да си легнеме повторно. Мораме да се одмориме вечерва бидејќи и утре денот ќе ни биде долг“.
Се согласив и полека се качивме горе. „Со овој џемпер изгледаш божествено“, ми рече.
Легнавме в кревет. Се гушкавме и се бакнувавме. Ставре ме бакнуваше по целото тело. Ме прегрнуваше најсилно што може и ми го слушаше чукањето на срцето. Неговите бакнежи ме растреперија и ме расположија. Лежев на грб и тој полека ми ги рашири нозете и се качи врз мене. Го „примив“ со задоволство. Почнав да издишувам и повремениот крик на задоволна жена го исполнија темниот простор. Почнав да гребам по чаршавот и да стенкам како лавица. Со мене и тој почна да испушта крици. Беше навистина прекрасно.
Ова ни беше последен пат за овој викенд. Верувам дека Ставре го даде најдоброто од себе. Исто и јас. Ставре ми се допаѓаше. Не сакав подлабоко да размислувам, но некои работи не се објаснуваат. Едноставно, се случуваат. Во оваа тишина и во овој мир, ние двајцата се чувствувавме како да сме сами на светот. Ме прегрна, гушна и така сме заспале двајцата.
Утредента, се спакувавме, пиевме кафе и тргнавме сите заедно. Така се договоривме. Отидовме во малото ресторанче. Пејзаж преубав, цела околина беше насадена со големи зимзелени дрвја. Целата околина мирисаше опојно и свежо. Масите беа наместени и келнерите нѐ чекаа.
Типично рурално ресторанче. Масите преполни со многу домашни специјалитети и со домашни алкохолни и безалкохолни пијалаци. Убав пречек, убава храна и што е најважно убави луѓе. Разговорот продолжи, шегите и смеите се менуваа и сите бевме пресреќни. Меѓутоа, приказната мора овде да заврши затоа што моравме сите присутни да патуваме. Во прекрасна атмосфера се разделивме и си ветивме дека пак ќе се сретнеме на пролет. Можеби ќе ни се исполни желбата. Тргнавме. Патувавме пријатно и весело.
Кога стигнавме, Ставре се понуди да ме испрати до дома. По пат молчевме. Дојдовме до куќата на моите родители. Нежно ме бакна и ми посака убав остаток од денот. Потоа, ми шепна на уво дека овие денови ќе ме побара ако сакам да се видиме и да продолжиме таму каде што застанавме.
ОСАМЕНА