Еротски приказни: ВОЛШЕБНО ЕЗЕРО
Го пуштив тушот. Млаката вода ги освежуваше
и ги ладеше нашите врели тела. Сакав водата да измие сè и да го избрише
минатото. Замислував како водата да излегува од Аладиновата ламба и ми претскажува
убава иднина. Ние двајцата ќе заминеме сами некаде далеку, предалеку од сите и
од сè. Среќни и задоволни ќе патуваме низ светот, ќе водиме љубов и ќе се
закотвиме некаде на некој океан на пуст остров и ќе го поминеме остатокот од
животот. „Можеби Ставре е идеалниот партнер за да живеам со него на пуст остров?
Или е идеален партнер за моите фантазии? Не, јас сум реална и фантазиите и
сонот сакам да ми бидат реалност“, си зборував во себе.
„А Теодора и Душан, и нив да ги оставам и да ги заборавам?“, прашав на глас, а Ставре како да погоди за што размислував и со прст ми ја затвори устата и ми кажа: „Овие се наши први мигови, а верувам дека нема да бидат последни, нормално ако ти сакаш. Не смее никој да ги уништи. Те пронајдов по долго време. Судбината сакала нашите патишта да ни се спојат. Иднината ќе покаже што понатаму“.
Се облековме и слеговме долу за да помогнеме да се среди масата за ручек. Теодора и Душан веќе ги испекле рибите, влегле внатре и завршиле со сервирањето на масата. Јадевме салата и вкусна риба и пиевме вино. Сè беше спонтано, а се договоривме приквечер да прошетаме до блискиот планински хотел, што беше неодамна направен.
Повеќе на шега или на вистина, Ставре им се пофали на Душан и на Теодора дека старите симпатии се пронајдоа и се здружија, на што јас се засрамив и се поцрвенив, но тие почнаа да се смеат пријателски и јас се смирив. Душан вешто ме извлече со тоа што се надополни со идејата дека ако се поклопат коцките сите заедно ќе се дружиме и заедно ќе доаѓаме на риболов, а истовремено ќе одмараме од градската врева и ќе се шетаме по планините.
Искрено речено, овие се ретко убави моменти што многу значат во животот. Всушност, ми се допаѓаа сите тројца и ми оставија убав впечаток. Кога ќе откриеш некои карактерни луѓе, сфаќаш дека со нив дружбата е бесценета.
Кога завршивме со ручекот, очекував дека Ставре ќе оди да одмори, меѓутоа ми предложи додека сè уште се гледа да прошетаме околу езерото. Веднаш прифатив. Тргнавме со лесни чекори даѝ се воодушевуваме на природата. Душата ми бараше мир и спокојство што ми се пружи со една мила и пријатна личност како Ставре, шетајќи да го проучувам езерото и истовремено да им се восхитувам на ретките галеби и јастреби што ја надлетуваа езерската шир.
Езерската вода беше распослана во нејзината горда сино-зелена нијанса како кадифе и во мали бранови ни го галеше погледот. Брановите удираа по краевите на карпите распенувајќи се. Моето второ јас се идентификуваше со нивната слобода, сила и бескрајност. Карпите беа расфрлани овде-онде и продолжуваа кон високите планини. Пешачевме по брегот со ситен песок. Имаше клупи за седење по малите свиоци што го одредуваа немирното езеро.
Би можела да седам на овие клупи бесконечно долго и да им се воодушевувам на езерската убавина и моќ.
Ставре ме прегрна и со прстите ми ги допираше усните. Треперев под неговата прегратка што ми даваше енергија да се чувствувам посакано, макар за миг. Некогаш мигот покрива многу животни недостатоци.
Чекоревме подолго време и бидејќи бевме на брегот сами почнавме да се враќаме. Покрај еден свиок имаше клупа и седнавме да се одмориме. Брановите удираа по нас. Ги соблеков патиките и ги нурнав нозете за да ја осетам таа волшебна езерска вода.
Седевме на клупата додека Ставре, шепотејќи ми на уво, ми призна: „Знаеш Каролина, ме привлекуваш многу. Твојата природна убавина ме возбудува. Ти си волшебна како езерово и заедно сте на свој начин природни и привлечни. Не можам да седам во твоја близина. Телото ми се здрвува, треперам и не можам да издржам да те гледам. Морам да те милувам, моите усни сакаат да шетаат по лицето, вратот, под твојот џемпер, да ги осетат твоите цврсти гради. Јасно ми е дека телото го одржуваш со работа, но имаш беспрекорно градено тело“.
Ми стана непријатно да го слушам и се завртив со погледот на другата страна. Но тој не попушташе, започна да ми го бакнува лицето, нежно баш онака како што сакам. Се топев под неговите нежни бакнежи. Ставре го крена џемперот со рацете и ми ги галеше градите.
Јас не можев да престанам и продолжив да се галам – уживав. Не ми беше гајле дали можеби некој има во близина или нѐ гледа. Тој продолжи да ми шепоти: „Ти си мојот сон, мојата визија, иста си како што те замислував. Овие денови ми се едни од најсреќните во мојот живот“.
Се насмеав, меѓутоа Ставре продолжи да ми зборува не обраќајќи ми внимание: „Љубовта е секогаш на прво место. Опеана, доживувана, по неа се плачело, луѓето се убивале поради невозвратена љубов. Сликарите ја сликале саканата личност, поетите ја опевале, писателите пишувале дела, архитектите ѝ посветувале на саканата личност згради и зданија. Секој на свој начин ја искажувал како умеел и знаел. И векови поминале и поминуваат, пристапот е различен, но љубовта останува иста“.
Јас молчев, а тој охрабрен продолжи да зборува: „И јас сум човек со свои желби, копнеж и страст. Можеби да бевме од почеток заедно, ни ти, ни јас не би имале пропаднати врски, упропастено време и хаос во животот. Многу е важно со кого ќе го поминеш животот“.
Сè беше вистина. Меѓутоа, сега не сакав да разговарам. Сакав да водам љубов, да бидам посакувана затоа што во мојот брак со Милан бев осамена. Сакав да го почувствувам неговото тело, допир и страст. Затоа, се припив кон него и почнав да му ги откопчувам панталоните. Се наведнав и го почувствував неговиот набрекнат „орган“ што беше влажен и мамеше за допир, бакнеж, страст и љубов. Нежно го прегрнав и ја започнав нашата игра.
ОСАМЕНА