Еротски приказни: ВРСКАТА СО ДИМИТРИ

Добивај вести на Viber

Автобусот поминуваше низ разни предели. Некои беа живописни со пасишта и ледини со високи дрвја додека некои беа карпести, но како се менуваше сликата и одеше сè подалеку, така се чувствував посигурна во себе. Оној страв што ме имаше обземено, што како змија ми ја имаше обвиткано душата и срцето, веќе попушташе и почнав да дишам слободно.

  Животот со Џино ме направи несигурна во себе, ладна и нечувствителна. Од тој живот в страв, целата бев претворена во бегство. Додека не се качив во автобусот, не можев да верувам дека заминувам оттука. И сè уште дел од мене не веруваше дека ова е реалност и затоа ги затворав очите и се присетував на минатото бидејќи бев заколната дека кога ќе почнам нов живот, ќе го избришам минатото засекогаш.

  Димитри го избегнував од таа ноќ кога водевме љубов. Ќе дојдеше дома да разговара со Џино и јас се извлекував дека не ми е добро и се повлекував в соба за да не седам со нив. На работа го избегнував да го гледам, освен кога имаше итен случај. Најверојатно, тој го забележа ова и една ноќ кога бевме двајцата дежурни, ме повика кај него во канцеларија да праша за состојбата на некој пациент преку разглас одекнувајќи низ целото одделение:. „Да дојде Мери кај мене да прашам за пациентот кој е опериран попладнево!“

  За кусо време отидов во неговата канцеларија. Кога влегов, ме погледна со неговите лисичини очи и низ очилата ме измери целата и почна да ме напаѓа: „Зошто бегаш од мене, Мери? Од првиот миг кога те запознав, се покајав зошто не си моја. Имал Џино право што те сака само за себе и не менува други жени, ти си му како цвеќе в градина. И моја да си, јас би те чувал љубоморно само за себе“.

  Не можев да премолчам и многу внимателно му реков: „Ниту птица не сака да живее в кафез, а јас најмалку во заклучена куќа“. Прекинав и тој ми кажа полека, дури и звучеше трогателно: „В ред, го познавам многу одамна Џино и не му ги оправдувам неговите постапки. Имаме некој заеднички бизнис, но не сме истомисленици. Знаеш, многу си ми мила и пријатна. Кога те видовме првпат и на двајцата ни се допадна. Тој го искористи времето додека бев отсутен в странство на семинар и трчаше да го уцени татко ти и се ожени со тебе на превара. Мислам дека откако водевме љубов, ти ме избегнуваш“.

  Климнав потврдно со главата. Го погледнав продорно и се уверив дека му значи мојот одговор и излажав најуверливо што можев и со умилкување: „Ти си посебен маж. Како човек ги исполнуваш сите стандарди, а како маж сум воодушевена од твоето водење љубов. Но, сфати ме, не смеам да се гледам со друг маж. Ако дознае Џино, ќе не убие и двајцата. Јасно ли ти е нели, Димитри?“

Тој ме погледна неколкупати и ми одговори. „Нема да дознае. Од кого би дознал? Ако ти не му речеш, кој друг би му кажал. Јас, секако, никогаш. Тој е подмолен човек и е многу осветољубив“.

  Ме погледна нестрпливо. Значи, ме викна за друго, а не за да ме праша за пациент. Во неговата соба имаше еден кревет, на кој водевме љубов минатиот пат. Му служеше за одмор кога е многу уморен или дежурен. Почна да ме бакнува. Ми го соблече мантилот и останав само во долна облека. Лежев на левата страна, а тој на десната, со левата рака ми го галеше задникот, а јас му го галев вратот.

  Ми ја бакнуваше раката, па полека ми го бакнуваше вратот, рамената и полека слезе на градите. Се превртев на грб и почна да ми ги бакнува градите, ги грицкаше брадавиците, ги стискаше и ги лижеше. Ми го бакнуваше стомакот, ми ги соблече гаќичките и продолжи да ме бакнува во внатрешноста на бутот. Лицето му беше црвено, а тој продолжи, одеше нагоре, ја допираше мојата внатрешност со неговите врели прсти. Се стопив од желбата да ме допира, милува и бакнува. Димитри тоа го правеше доста искусно со многу желба во него и копнеж. Го чувствував неговиот цврст „орган“ врз мене.

  Почнав да му го бакнувам вратот, градите, стомакот, па целото тело, му ги соблеков боксерките, го зграпчив по веќе целосно отечениот „орган“. Се симнав на „него“, го бакнував, лижев, му ги масирав „топките“, слегов накај нив и подоцна продолжив да му го бакнувам и цицам неговиот „орган“ до бескрајно задоволство. Ме заврте на грб и „влезе“ во мене. Почнавме да се „движиме“.

  По извесно време, засвети сијалицата за итни случаи и заѕвони мобилниот телефон на Димитри. Се смиривме за момент. Се јави дежурната сестра велејќи: „Доктор, имаме итен случај“. Димитри „продолжи“ за момент, се возбуди и врела сперма се изли врз мене. Се среди набрзина и излезе уште вцрвенет во лицет. И јаз се средив за брзо време и потрчав по него. Имаше тежок случај за операција. Веднаш се приготви операциона сала.

  Продолжи нашата врска со Димитри. Додека да добие доверба во мене, глумев љубов, секс, а и искрено кажано и ми одговараше. Се забавував, глумев, уживав многу повеќе отколку од Џино. Џино ми беше одвратен. Димитри ми беше мил. Не чувствував ништо, но се забавував. И од ден на ден станувавме сè поблиски со Димитри.

  По некое време, Џино како да почувствува некоја промена во мене и праќаше луѓе насекаде да ме следат па и на работа. Мене ми беше интересно да се кријам со Димитри додека Димитри не се почувствува загрозен и почна да биде нестрплив. Стана зависен од мене, нашиот секс, мојот поглед, мојата љубов. Така почнуваат сите врски, најпрво случајно и независно, а потоа или завршуваат или се претворуваат во вистинска љубовна романса. Димитри се заљуби во мене, во тоа бев сигурна.

  Имаше желба да поминува сè повеќе време со мене, да ми посветува внимание, да троши пари на мене, едноставно да биде слободен во нашата врска, а тоа беше невозможно. И во неговата глава се роди идеа за спас од Џино.

ПРИЈАТЕЛКИ

Колумната од минатата недела, ТУКА