Еротски приказни: ЗАБАВА ЗА ИСИДОРА

Добивај вести на Viber


 Кримо ме покани на гости кај него. Кога влегов, бев воодушевена од чистотата и од големината на станот. Влеговме во бањата и водевме љубов. Се облековме и седнавме да јадеме.

  Некој тропна на врата. Влегоа момче и девојка со смеење. Кримо се сврте, се насмеа и ги поздрави со љубов: „Ајде, влегувајте! Токму сега, седнавме да јадеме“. Девојката се приближи. Кримо стана и ја бакна велејќи: „Ова е Емина, а овa е братучед ми Абадин или Аби, така си го викаме ние. Аби живее заедно со мене во станот. Ние сме седум братучеди кои живееме во различни земји и решивме на факултет да се запознаеме подобро и затоа живееме и студираме заедно“.

  Двајцата ме погледнаа љубезно и со поглед малку испитувачки и седнаа на масата додека Кримо носеше за нив прибор за јадење и чаши. Им тури и ним вино и ги покани да ручаме заедно. Се заблагодарија и почнавме да јадеме. Јадењето беше вкусно, но мене не ми се отвораше уста.

  Аби и Емина, всушност, беа многу интересни и забавни. Јадеа полека, смирено и го коментираа јадењето. Со мене се однесуваа како да се познаваме отсекогаш. Секогаш, првиот впечаток на запознавање со човек е реален. Студираа медицина, но беа при крај. Им раскажав за мене дека студирам медицина, но со тек на разговорот заклучив дека и Кримо ме имаше веќе опишано.

  Емина ме покани на крајот од пролетниот семестар да одиме во размена на студенти преку студентската организација. Таа ми кажа дека сега бил во тек уписот и имало разни активности. Се договоривме следната недела да одиме заедно и на активности и да се запишеме за размена на студенти. Кримо и Аби се понудија двајцата да дојдат со нас велејќи: „Но, прво да видиме каде да се оди, па потоа ќе одлучиме“.

  Потоа, Аби му рече на Кримо: „Се слушнав со инспекторот. Најверојатно, нашле еден отпечаток на запалката што им беше паднала. Тоа се оние криминалци кои продаваа дрога и кои ги малтретираа девојката и момчето кои живееја на петти кат“.

  Кримо одмавна со глава, а јас љубопитно прашав: „Што се случило?“ Само што прашав, ми заѕвони мобилниот. Кој може да е друг освен Исидора. Ми кажа: „Дадо, ќе има кај Антонио забава в петок. Се согласуваш? Антонио ве поздрави и ве покани истовремено да дојдете со Кримо“. Не знаев што да ѝ речам, може ќе биде на работа Кримо и сега не сакав пред двајцава да го прашувам. Затоа ѝ одговорив: „За еден час сум дома и ќе се договориме“.

  Се завртив кон тројцата, им се извинив и чекав што ќе одговорат на тоа зошто и кој ги запалил. Аби почна да ми објаснува: „Во зградава на петти кат живееја момче и девојка. Еден ден им должеле пари на едни дилери на дрога и тие беа дојдени, ги тепаа пред влез, немале пари да им дадат. Нас ни беше жал и ги одбранивме од силеџиите и истовремено повикавме полиција. Потоа, разговаравме со младите да одат на терапија за одвикнување од дрога и се иселија нечујно, но на дилерите не им ги исплатија парите. Нас ни правеа збрки, неколку пати и инспекторот кажа дека ако се докаже дека тие се виновници, тогаш нема да поминат лесно“.

  Аби заврши, а Кримо почна да се смее зборувајќи: „Дора, многу си била љубопитна. Не те познавам за ваква“. Му одговорив со малку повисок тон: „Кримо, ако мислиш дека некоја тајна издаваш, тогаш во ред е“.

  На Аби му беше незгодно и почна да се смее за да ја олабави ситуацијата со зборовите: „Ајде сега Кримо, остави ги братучед, тоа се жени. Знаеш дека и Емина е многу љубопитна, сака сè да знае“. На тоа почнаа да се смеат заедно и им се извинив и им кажав дека е време да си одам бидејќи ме чека Исидора.

  Кримо ме однесе до дома и по пат му реков за поканата. Ја прифати поканата и кажа дека ако е на работа в петок, ќе се замени со братучедите. Всушност, и таа вечер кога беше поплавата и кога нè спасуваше, не бил на работа, но го повикале на помош и ете така се запознавме.

  Кога стигнав дома, сите беа во кујната. Исидора беше дојдена и веќе сите беа поканети на забава. Во петокот се дотеравме и приквечерта Кримо дојде и нè зеде. Некои од девојките заминаа со такси и така се најдовме кај Антонио на забава. Имаше убав стан. Голема дневна соба заедно со кујна и со огромна тераса. Имаше посебно бања и тоалет и спална соба. Терасата беше голема со огромни стакла од кои се гледаше цел град. Имаше на маса пијалаци, сендвичи и коктел соленки, а ние однесовме од сите заедничка торта. Розе дојде со Стипе затоа што и тој беше поканет.

  Се собравме сите. Антонио поканил двајца пријатели кои ги запознал месецов, барам така ги претстави – Давид и Џо и една девојка, Катрин. Кога ги видов, си помислив за тоа кога ги запознал толку брзо, не ми се допаднаа, но не коментирав ништо. Почнавме да разговараме и да се шегуваме. Јадевме од сендвичите, пиевме кока-кола, некои вино и Антонио пушти музика и почнавме да играме.

  Леона стана и почна да игра со Џо. Навистина беше многу убава, плава, висока со кус, црвен, деколтиран фустан и црвени штикли, но изгледаше многу вештачки. Тој се сврти и ѝ се доближи одзади, почна со прстите да ѝ ги допира градите, ја бакнуваше по вратот и можевме сите да почувствуваме дека тензијата растеше.

  По ритам на музиката, таа почна да го соблекува Џо. Ние се изненадивме бидејќи тоа го правеа многу професионално. Одеа по такт со музиката и таа почна да му ја соблекува кошулата. Кога му ја соблече, му ја фрли високо и таа падна на подот. Му го откопча ременот и му ги откопча панталоните. Со нејзините вешти раце ги соблече и тие паднаа на земја. Се чудев дали е ова дарба или професија. Подоцна, тој почна да се припива со неа. Вртејќи се во ритам, тој ѝ го соблече фустанот. Таа остана по градник, чорапи и гаќички. Тој почна да ѝ ги бакнува градите со намера да ѝ го отвори градникот. Таа му ги бакнуваше рамената играјќи заводливо и страсно. По некое време, градникот ѝ падна на подот. Се појавија нејзините гради. Антонио го изгаси светлото.

СТУДЕНТКА

Претходната исповед ја имате ТУКА