Еротски приказни: ЗАБАВАТА ПРОДОЛЖУВА
Иво и Стипе мирисаа на алкохол уште на почетокот на забавата кога се запознавме. Роза ми рече: „Двајцава мирисаат на алкохол“, но не обрнав внимание. На масите немаше жестоки пијалаци, но можеби си донеле од надвор. За време на лотаријата, кога Иво застана до мене, забележав дека се нишаше. Затоа го тргнав настрана. Кога седна до мене, јазикот му беше здрвен и не се разбираше што ми зборува. Забавата беше при крај и почнаа да свират рок-музика на што сите станавме да играме.
Иво тргна со мене и игравме заедно. Го гледав и сакав да му кажам да не се обидува да ме освојува, но си помислив во себе: „Дора, играј и игнорирај, всушност, секој има некаква надеж и мисли ако е настојчив ќе му се исполни желбата“.
Забавата заврши со танц, а Иво буквално ме грабна и први заигравме. На подиумот се насобраа да играат и други парови. Нормално, Исидора и Антонио беа се прегрнале, така што лицата им беа пикнати еден во друг додека се покриле со рацете за да не може никој да ги препознае.
Со погледот го барав Кримо, но го немаше. Потоа играјќи се завртив и го забележав Кримо зад мене како игра со една девојка. Таа го тргна Иво, а до мене застана Кримо и ме покани да играме. Тој сега беше посамоуверен од почетокот. Играше со вратот, го допираше моето лице, а мене пеперутките во стомакот ми летаа до грлото, што ми се исуши од возбуда. Го прегрнав како да ќе бега некаде. Сакав никогаш да не заврши танцот, но тој заврши заедно со забавата.
Седнавме и кога претседателот на студентите почна да ја одјавува забавата и да ни се заблагодарува на учеството, нешто тропна и се струполи на подот. Сите се завртија. Тоа беше Иво кој најверојатно не ја видел столицата и се превртил со се неа. Таа се скрши, а тој беше на земја колку што е долг и широк. Некои притрчаа да му помогнат и го седнаа, некои се смееја, некои не видоа, па прашуваа, меѓутоа, со пијанството сам себе си се понижи пред сите присутни.
Претседателот на студентите, Димитри, вешто го одвлече вниманието со неговиот театрален говор дека сè ова е искуство плус и не би требало да се создава паника, но не е во ред да се постапи на ваков начин на крај од забавата.
Забавата заврши за нас од прва година, сепак, ова беше необично искуство. Убаво почна, но на крајот се сè измеша со чувство на несигурност, разочарување бидејќи многу очекувавме од оваа забава, а не испадна така. И за нас, па и за постарите, важи правилото ред и дисциплина – ако се изгуби редот настанува безредие и хаос.
Тргнавме да си одиме. Се загрижив за Иво, меѓутоа, Роза со Стипе го зедоа Иво. Тој, најверојатно, почна да се освестува, а другите девојки од пансионот си заминаа повеќето со друштво што го запознале во текот на забавата.
Иво го испратив и се подготвував да си одам со сестра ми и со Антонио. Излегов и ги чекав надвор. Посакав да си одиме пешки, да осетам свеж воздух на моето лице, што гореше од целовечерните возбудувања.
Кога ненадејно се појави Кримо пред мене и ми кажа :„Дора, може да те испратам и да разговараме?“ Најпрво, се збунив и го гледав некое време. Но, потоа сфатив дека сака мене да ме испрати.
Кримо беше дојден со кола. Се поздрави со останатите, кои беа со него. Ми ја отвори вратата од колата како да сум принцеза. Кримо почна да возинегледајќи ме воопшто. Нему може му беше нормално, но јас се почувствував како да сум во светот на рајот. Кога еден човек ви дава убавина и похота, се познава по воздухот затоа што таа енергија се пренесува и мами.
Пред нашиот кварт каде што бевме сместени, имаше многу убав парк. Првите денови кога пристигнавме, бевме во обиколка во околината и го забележавме. Беше многу убав, со неправилни клупи, мали куќички во сите бои за птици, со тревници искосени и со цвеќиња разни и во сите бои. Дрвја разни од мали до големи, со неправилен распоред. Сè беше поставено во некој многу убав распоред, што убаво се поклопуваше.
Кримо ја паркираше колата до паркот. Иако беше доцна навечер, имаше многу млади, особено, заљубени парови, кои се шетаа и се насладуваа на опојните мириси од природата.. Над нас светеа разни сијалички во сите бои и целата атмосфера делуваше магично. Со Кримо одевме полека бидејќи сакав сè да забележам и да видам. Стигнавме на средина каде што имаше висока зелена жива ограда.
Не се гледаше внатре. Тој ми објасни дека ова е лавиринт со два влеза и со два излеза. Овој лавиринт е за сите, но традиција било заљубените парови или оние кои се во врска да доаѓаат овде и да си ја пробаат среќата. Заљубениот пар се раздвојува од едната страна и треба да се најдат заедно на спротивната страна на еден од двата излеза.
Кримо ми кажа: „Дора, ајде да се разделиме на двата влеза и да видиме каде ќе се сретнеме“. Го погледнав ладно, но во очите му видов желба и страст. Јас, пак, му реков: „Кримо па јас и ти се познаваме многу малку и нема шанси да бидеме пар. Ако сакаш да се шегуваме, тогаш е во ред“.
Се приближивме кон влезовите од лавиринтот. Се разделивме со Кримо. Кога влегов во лавиринтот, ме фати страв. Сигурно од темнината затоа што од оградата не се гледаше добро. Почнав да одам. Како што одев, така имаше внатре парови прегрнати, меѓутоа, не сакав да гледам во нив бидејќи сакав побрзо да дојдам до излез. Потрчав по интуиција. Го фатив правецот по Месечината и се најдов кон еден излез. „Сега на ред е Кримо“, си помислив во себе.
Почекав и некој ме фати за очи. „Кримо!!!“, извикав со одушевувачки глас и се фрлив во неговата топла прегратка. Кримо се навали кон оградата и почна да ме бакнува. Ме гледаше со неговите кафени, питоми очи и ме бакнуваше долго и полека. Моето фустанче се раскрили од тивкото ветерче. Кримо почна да ми ги допира колковите. Неговите раце беа топли.
СТУДЕНТКА