Еротски приказни: ЗАЈДИСОНЦЕ
Еротски приказни: ЗАЈДИСОНЦЕ
Секој од нас има желба животниот пат да му помине тивко и мирно. Се случува некогаш да му се појави бура во насоката на движење. Стрпливоста и времето се најдобри борци во одбрана на бурата. Таа ќе помине, но работата е да нема многу последици врз личноста.
Еден период седев дома сама очајувајќи и сожалувајќи сè самата себеси. Размислував дали ја погрешив личноста во која се заљубив или таква ми била судбината. По извесно време, сфатив дека нема смисла да седам сама и да размислувам за некого за кој не вреди да се борам, а тоа беше мојот сопруг Милан. Тој беше тип човек кој освен материјалната страна и неговото его, не му беше гајле за ништо.
Затоа, започнав со моите излети и моите авантури. Прво се запознав со Ален мислејќи дека тука завршувам со моите патешествија. Меѓутоа, мојата животна бура продолжи и со Милан, па така стигнавме до развод.
Теодора ме покани да поминеме викенд во нејзината куќа на езеро за да се одморам од сè. Само што се распакувавме дојдоа нејзиниот партнер Душан заедно со другар му Ставре. Двајцата пријатели беа страсни риболовци и биле на риболов. Се договориле со Теодора по риболов да дојдат да нè посетат. Јас и Ставре го поминавме детството со симпатии еден кон друг. Не знаејќи дека сум јас, кога ме виде Ставре, седна со очи ширум отворени како да беше погоден од љубовна стрела, а јас бев вчудоневидена од тоа колку е мал светот.
Не им одолеав на неговите копнежливи погледи и љубовни изјави. Беше луд по мене. Ставре како мене имаше брак што скоро му завршуваше.
Без обѕир на минатото, страст е страст. Така нашата врска почна доста енергично и веќе втор ден уживавме во неа. По ручекот излеговме со Ставре за да прошетаме низ езерото. Чекоревме сами по таа сино зелена површина што ми даваше елан, волја и слобода на духот. Ја обожавав бистрата и чиста еколошки незагадена езерска вода, што беше преполна со риби што скокаа над нејзината површина.
Во еден мал свиок блиску на самиот брег седнавме на клупа. Ги набљудувавме планинските врвови што ми се чинеше навиваа за нашата врска да продолжи. Се чувствував како ми пулсира крвта посилно поттикната од нивната сила. Ех, тие високи и горди врвови, колку што молчат, толку имаат што да кажат. Јас сосема ги разбирам бидејќи комуницирам со нив и знаеја дека тишината повеќе ме смирува, а ме прави моќна.
Се припив кон Ставре и тој почна да ми ги бакнува и да ми ги гризе усните и вратот. Почнав да му ги откопчувам панталоните. Се наведнав и го почувствував неговиот набрекнат „орган“ што беше влажен и мамеше за допир, бакнеж, страст и љубов. Нежно го прегрнав и ја започнав нашата игра. Тој фати заеднички ритам со мене, ми го тргна џемперот и моите гради блескаа пред неговите очи.
Ми ги бакнуваше градите и ми ги лижеше брадавиците, тонејќи во нивната топлина и нежност. Му го гризев „органот“, што веќе беше сѐ повеќе и повеќе набрекнат. Се однесував како некоја дива мачка. Ги гребев неговите мускулести колкови. Тој стана, ми ги спушти гаќичките и ме сврти одзади. Рацете ми ги постави на горниот дел од клупата.
Лесно го мешав задникот, со нетрпение чекав да влезе во длабочините на мојата „внатрешност“. Ме притисна со дланката кон крајот на ʼрбетот и ми излезе задникот нагоре. Тој ја наполни шуплината од мојата „внатрешност“. Лесно „се лизна во неа“.
Ме обви топлина од неговото пулсирање. Го извади од „шуплината“ и повторно го турна внатре. Навистина беше прекрасно. Застана во еден момент и го изваде неговиот „орган“ во последен момент, а јас се тресев и стенкав. Тој со ми го допре клиторисот со неговиот јазик. Во мене почна да гори топлината и влажноста и повеќе не можев да издржам. Тогаш, го втурна неговиот „орган“ во мене.
Задоволството беше обострано. Искрено, тогаш забележав дека сме сами во околината. Местото беше затскриено, меѓутоа може некој нѐ видел. Почнав да се вртам околу мене. Ставре ме забележа насмевнувајќи ми се со зборовите: „Каролина, не е ни толку важно кој не гледа. Ние седнавме на клупава за да се одмориме. Ова водење љубов беше спонтано“.
Ставре ја говореше вистината. Мене ми беше совршено јасно дека природата дава опуштеност, спознавање на чувствата и на мирисите, каде што мами физичката љубов. Ние двајцата сакавме да го заборавиме минатото и да се почувствуваме закани. Чувството на тага и на осаменост е одвратно, помешано со мувла и со отстоеност како да си отфрлен од цел свет. Имаме право да сакаме, да се сакаме, да водиме љубов, а камоли во овој момент кога имаме со кого.
Седевме на клупата и си молчевме. Сончевите зраци почна да ги покрива црвено густ превез во облик на густа пајажина. Ги покриваше и облаците што невешто се предадоа на овој преубав природен процес. Сигурно сакаа да се одморат од целодневниот горделив изглед. Тие и треба да се горделиви затоа што без нив, не се може. Нивната ризница дава живот.
Зраците ме потсетуваа на нас луѓето. Ние се одмаравме, па пак го продолжуваме започнатото. Седевме и ѝ се насладувавме на природата. Можевме бесконечно да си седиме и да го гледаме прекрасното зајдисонце во кое се промени цел спектар бои. Сите бои си се надополнуваа и си правеа интересна целина.
Се слушнаа чекори и смеење. Се појавија Теодора и Душан, расположени и насмеани. Душан нѐ покани вечерва да одиме сите заедно во еден ресторан на забава. Тој се наоѓа во околината во која се собираат сите присутни во пределот и некои планинари. Теодора се надоврза, ни кажа дека таму има жива музика и дека храната е одлична. Станавме и полека отидовме да се подготвиме и да одиме на забава.
ОСАМЕНА