Еротски приказни: ЗАЉУБЕНИ

Добивај вести на Viber

Кога тргнавме со Кримо од паркот накај дома, бевме прегрнати и радосни бидејќи помеѓу нас си ја откривме нашата заљубеност. Утрото беше свежо за разлика од топлата и спарна ноќ. Се разделивме и Кримо вети дека ќе се јави.

Влегов дома. Исидора не беше дојдена. Роза беше во кујната седната на стол, пиеше кафе и учеше. Ја затворив вратата и почувствував како срцето ми чука додека рацете и нозете ми лебдат без контрола низ воздухот. Роза истрча ме прегрна и ми се обрати: „Дора, зрачиш од енергија. Многу си среќна. Оди пресоблечи се, ќе направам кафе и за тебе. Ноќва секако помина, веќе се зазорува“.

Отидов да се истуширав, се облеков, зедов книга да учам и слегов долу. Седнав и Роза почна да ми раскажува за Степан. Ми кажа дека ѝ се допаднал многу и бил умерен и пристоен кога се враќале дома. Прво го оставиле Иво, а потоа ја испратил и неа. При разделбата ѝ се извинил дека пиел, но кога ја запознал многу му се допаднала и во текот на вечерта пиел само кисела вода за да може да разговара со неа. Ѝ се извинил и за однесувањето на Иво и ѝ рекол и мене да ми се извини во негово име. И таа се надоврза: „Душо, не можев да спијам, мислев цело време и станав, сварив кафе, читав анатомија и те чекав“.

„Ти како помина?“, ме праша Роза. Веднаш ѝ одговорив: „Многу убаво. Бевме во оној парк што го посетивме кога се вселивме овде. Но, тогаш не забележавме дека во паркот има многу убаво мало паркче како лавиринт. Кримо ме однесе таму затоа што била традиција заљубените парови да влезат во него од различни влезови. Ако излезат од ист излез значи врската ќе им успее, ако излезат од различен излез значи врската нема да им успее. Суеверие, но, сепак, интересно за заљубените парови, треба некогаш и вие да одите“. Застанав, се напив од кафето и продолжив да зборувам, а Роза внимателно ме слушаше.

Мечтаев за Кримо. Многу ме привлекува и брзо паднав во неговата прегратка. Всушност, љубовта со нејзиниот опоен мирис во таа ноќна, привлечна и магична атмосфера нè опфати низ тој интересен лавиринт. Му се препуштивме на копнежот и ние не водевме љубов, туку тоа беше страсно доживување. Тоа како да беше пловење низ океан. Како да нуркав низ океанското синило – нестварно доживување. Сами ѝ се препуштивме на љубовната стихија што нè обзеде. Јас и другпат сум водела љубов, но овојпат беше, навистина, нешто што се доживува еднаш или двапати во животот. Се радувам што Кримо ми беше вистински во срцето“.

Прекинав бидејќи не сакав да го расипам убавото расположение што ми ги беше исполнило срцето и душата. Магијата ме обзела и уште не можев да се освестам. Застанав на прозор додека се излади кафето и се надевав дека Исидора набргу ќе се врати.

Гледајќи низ прозорот, забележав на небото како се појавија, одеднаш, големи темни облаци. Ја викнав Роза да дојде. Заедно гледавме како се движат и како се натрупуваат на небото. Имаа облик на мали чамци. Наеднаш, сè стана сиво и мрачно. Небото ја изгуби својата тишина. Тагуваше. Неговата нежна сина боја исчезна во темнината на облаците. Почна да врне. Мали ситни капки дожд што паѓаа како од сито, ја наросуваа земјата давајќи му свежина на воздухот.

Посакав да земам чадор и да шетам сама по улиците гледајќи го дождот како се слива низ старите олуци што беспрекорно функционираа. Ѝ кажав на Роза за мојата фантазија и таа почна да се смее, ме прегрна и заедно ги гледавме капките како паѓаат и како се разлеваат во создадените вирчиња. Роза умееше да се шегува и ми рече: „Мене Дора, ме потсети на бурата, а и на Кримо како нè спасуваше“. Ѝ климнав со глава и продолживме да гледаме.

Влезната врата тропна и во дворот се појави Исидора. Од нејзиниот тежок чекор ѝ се вееше и онака кусиот фустан, а капките дожд не ги ни забележуваше. Нè виде на прозорот двете прегрнати, ни мавташе со рацете и почна да вика по нас: „Вие спиете или мене ме чекате! Имам многу да ви раскажувам“.

Тоа е Исидора. Не ја интересираше ништо друго освен себеси. Влезе и викна: „Дадо, свари кафе за мене. Веднаш доаѓам само да се облечам во пижами“. Исидора слезе за кусо време и почна да раскажува: „Ова, за мене е незаборавна ноќ. Ваква љубов никој не доживеал“. Двете со Роза ја гледавме Исидора без да трепнеме. Таа продолжи во нејзин стил: „Отидовме кај Антонио. Станот беше убав, чист и мирисаше на ружа. Дури се зачудив. Не очекував толку педантно наместен стан. Тој извади две чаши и вино. Наздравивме и цврсто го гушнав. Прегратката беше предолга, но јас не обрнав внимание. Тој беше црвен во лицето. Погледот го впери во моите гради. Додека го гушкав можев да го почувствувам неговиот јазик на градите. Почна да ме соблекува полека, а јас, пак, почнав да го допирам до коленото и малку повеќе, долу до препоните. И потоа, знаете што се случи“.

Исидора почна да се смее заразно и сакаше да продолжи, но јас и Роза ја погледнавме. Роза и рече: „Исидора, прашај нè и ние како си поминавме вечерва“. Исидора веднаш се снајде велејќи: „Па сега ќе ве прашував тоа“. Јас ѝ раскажав, а и Роза ѝ кажа нешто. Исидора површно слушаше, си го пиеше кафето и се допишуваше со Антонио на мобилниот. Подоцна, стана се извини дека е изморена и смеејќи се нè поздрави и отиде да си легне.

Роза ми рече: „Ако сакаш Дора, може заедно да учиме, ќе имаме набргу колоквиум, па уште неколку следни потоа, така што ќе биде добро за двете“. Прифатив и се договоривме да почнеме веднаш. Навистина, беше забавно и учевме уште еден час. Случајно, го погледнав мобилниот телефон. Ми ѕвонеше на тивко. Тоа беше Кримо. Помислив дека сака да ми посака убав ден и весело му се јавив, но гласот му беше вознемирен и забрзано дишеше. Ме праша: „Исидора, што правиш? Го игнорирав неговото прашање и почнав да го прашувам: „Што се случило, Кримо, што е работата?“

                                                                                                                   СТУДЕНТКА

Прочитајте ја и претходната исповед на оваа студентка