Еротски приказни: ЗАТВOРАЊЕТО НА ХУГО

Добивај вести на Viber

Отидовме со Кармен да спиеме, но ноќта спиев немирно. Неочекуваната исповед на Кармен ме изненади. Не очекував дека на Кармен ќе и се раскрили душата пред мене и ќе ми се исповеда. Тие интимни работи се секогаш залепени на душата обиколени со мембрана и се чуваат во себе додека созреат или се предизвикани на некаков начин и потоа пука мембраната и сè она што се засирило внатре излегува.

  Јас бев онаа која ја предизвикав или во неа беше созреала оваа скриена тајна и беше свесна на начинот на кој љубовта и сексот ги третираше. Некогаш од сè ти пука. Сепак, јас почувствував вина што ја нападнав, а таа навистина ми беше многу одана и сама ми ја кажа вистината.

  Се разбудив и размислував. Не станав воопшто бидејќи ако стане,в ќе се расонев и затоа продолжив да лежам. Тешко е да живееш сам. Особено ноќта е тешка кога си очаен, немоќен и немаш никој до себе да го гушнеш или да те погали, да те погледне во очи и да ти даде храброст. Доволно е тоа.

  Можеби Хуго да беше овде со мене би ми било подобро, потопло и посигурно. Би разговарале, би се шегувале и барем би ме тешел. Зазоруваше и пригушеното светло што доаѓаше однадвор ми даваше зрак надеж – точка од каде што работите ќе се наредат и ми даваше надеж и волја дека сè ќе се среди.

  Наеднаш се најдов во планинска дрвена колиба. Имаше еден кревет, маса со столици и камин. Надвор беше темно и се гледаа малите сребрени снегулки како се залепуваа на прозорецот. Внатре каминот грееше и ми го стоплуваше моето ладно лице. До мене седеше Хуго. Јадевме колачиња и се насладувавме со топлиот миризлив чај што ни ги стоплуваше телата кои и онака беа жешки и готови да пукнат. Не можев повеќе, желбата ни беше посилна. Ме соблекуваше полека, лесно, дел по дел, додека јас полека се спуштам и брзам кон него.

  Јас одеднаш се свртев и го пикнав диво и похотливо неговиот „орган“ во мојата уста, а тој ме гушкаше и ме стискаше назад, ме држеше цврсто и силно, сè додека моите усни не се лизнаа во него. Нежно ме влечеше за коса. Тој ја собираше мојата коса за да види подобро што му правам. Ги милуваше моите гради упорно, нежно и диво. Колку се радував, имав чувство на кралица, ова е само мое, наменето за мене, јас сум негова господарка, никогаш не сакав да застане.

  Станав и се завртив и застанав на колена. Хуго сосема гол и со отечен „орган“ „влезе“ во мене и ме „исполни“ до крај. Стенкав и го молев да не застанува и да наметнува ритам. Почувствував задоволство и неговите „сокови“ почнаа да течат над мојот грб. Воздухот беше напнат, копнежот од лудилото се пренесуваше низ собата и ми стана неизмерно жешко и почнав да се потам.

  Тешко ги отворив очите. Наеднаш рипнав. Сето било само сон. Веднаш се подготвив и тргнав на работа. Кармен веќе беше пред мене дојдена и ја делеше терапијата и кај моите пациенти. Кога ме виде, ме погледна срамежливо, меѓутоа ја прегрнав и ја гушнав силно. Кармен не сакала да ме разбуди, ме оставила да спијам и дошла веднаш на работа, па ја делела и мојата терапија. Јас ѝ помогнав и ја завршивме терапијата.

  Седнавме да одмориме, а јас му се јавив на Филип. Филип ми кажа дека сестра Анастазија е добра, а Ема се разбудила од кома и очекувале да дојдат докторите на визита да кажат што ќе прават понатаму со Ема и дали ќе остане понатаму в болница. Додека разговаравме со Филип, почна визитата и Филип ми рече дека ќе се слушнеме потоа. Ѝ кажав на Кармен која патем слушна дел од разговорот. Станавме и вообичаено продолживме со работа. Пред крајот на работно време, се јавија инспекторите и рекоа дека сакаат да разговараат со мене. Им реков дека уште пола час завршувам со смена и тие беа трпеливи и ми кажаа дека ќе ме почекаат.

  Завршив со работа, а инспекторите ме чекаа во канцеларијата на Филип. Влегов, а со нив заедно беше и директорот Руди Кес. Ме поздравија срдечно и започнаа разговор со мене. Навидум обичен разговор, но цело време ме прашуваа за Хуго. Им кажав дека бев во врска со Хуго, дека сме излегувале сите заедно и за мене било чисто забава и не знаев ништо посебно или лично за него.

  Инспекторите изгледа заклучија дека навистина не го познавам Хуго, ниту знам нешто повеќе за неговиот приватен живот и ми рекоа дека денес го уапсиле при премин на граница. Сакал да избега со уште двајца. Ги фатиле во мало бродче кога тргнале да избегаат со многу пари, оружје и фалсификувани документи. Кога стигнала полицијата, почнале да пукаат по нив и едвај ги фатиле.

  Дел од обвинението веќе признале, како и убиството на Фис. Многу години биле членови на позната терористичка група и имале направено многу терористички напади. Фис бил еден од основачите на терористичката група, меѓутоа бил многу арогантен и безобразен. Сите се плашеле од неговата суровост и одмазда и никој не смеел да му се спротивстави. Но, многу пари недостигале на сметка, а тој бил одговорен за парите на организацијата. Фис им станал сомнителен, го следеле тајно членови на организацијата и успеале да најдат сметки со пари префрлени на негови сметки.

  Кога го откриле, за него организацијата му пресудила смртна казна, меѓутоа Фис не знаел за тоа. Целата ситуација се совпаднала со Фисовата злоупотреба врз Ема и затоа тие решиле да го убијат кај Ема. Кога влегле кај Ема, тие го фрлиле Фис од нејзиниот прозорец. Тие го признале убиството на Фис, меѓутоа тие не признавале дека тие ја фрлиле Ема од прозорец.

  Значи Ема добила дополнителен стрес затоа што била сведок на убиството на Фис. Потоа, најверојатно, и Ема дошле да ја убијат бидејќи кога ќе ѝ се врати помнењето им било страв дека ќе ги препознае. Тие не го признавале обидот за убиство на Ема. Останува понатаму да се види како ќе се одвиваат настаните, ништо уште не е решено.

ПРИЈАТЕЛКИ