Моден фокус // Трендови
Ева Лонгорија е верен обожавател на нашиот дизајнер Тони Матичевски кој живее во Австралија: Актерката повторно во негова креација блесна
Еден од најпознатите дизајнери во светот со македонско потекло кој живее во Австралија, Тони Матичевски, повторно ја облече Ева Лонгорија.
Оваа дама која воодушевува со својата уникатна убавина и харизма редовно носи креации од Матичевски.
Ева Лонгорија ја доби титулата „Дама“ во заносна креација на македонскиот дизајнер Матичевски (ФОТО)Овој пат актерката позната по улогата на Габи од серијата „Очајни домаќинки“ се појави на Variety Creative Impact наградите во фантастичнен комплет. Панталони со широки ногавици и интересен горен дел со изразена јака и пуф ракави со расцеп.
Латиноамериканката изгледа заносно.
Фото: Инстаграм - Тони Матичевски / Youtube - screenshoot