Ева Лонгорија една од најважните гостинки на свадбата на Бекамови: Во црн фустан со ризично деколте

Добивај вести на Viber

Ева Лонгорија со години е добра пријателка со Викторија Бекам, па не е чудно што таа беше меѓу важните гости на свадбата.

Сепак, таа е една од ретките кои го споделија својот стајлинг, уште пред свадбата.

Во црн фустан со ризично деколте, Ева уште еднаш покажа колку малку може да значи многу.

Неколку дена пред свадбата, Ева откри дека Викторија ќе го избере нејзиниот фустан и објасни како изгледа целиот процес.

„Нормално влегувам во нејзиниот плакар и велам: „Ми треба фустан“.

„Таа вели: „Дали сакаш црно или зелено?“, а јас велам: „Црно“. Таа вели: „Одлично. Носиш зелено “.

Викторија овој пат очигледно ја послуша Ева која блесна во црно.

Инаку, на свадбата на младите Бруклин и Никол строго беа забранети телефоните со камера и какви било социјални мрежи, бидејќи сите ексклузивни фотографии ќе се појават најпрво во Вог.

Први фотки од венчавката на Бекамови која беше забранета за медиумите: Невестата во венчаница на Валентино, сите зборуваат за бакнежот

извор:zenablic
фото:Profimedia