Еве каде почива кралицата Елизабета II: Објавена првата фотографија од нејзиниот гроб

Доцна синоќа беше објавена првата фотографија од гробот на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември во Балморал, Шкотска, а беше погребана пред четири дена во Виндзор.

Едноставна црна мермерна плоча и имињата на нејзините најблиски....

Ексклузивната фотографија се појави откако на верниците им беше дозволено да влезат во меморијалната капела на кралот Џорџ VI во Виндзор претходно оваа недела на црковна служба по приватниот погреб на Нејзиното Височество во понеделникот вечерта.


Името на кралицата беше испишано заедно со името на нејзиниот татко Џорџ Шести, Елизабета мајка-кралица и нејзиниот покоен сопруг принцот Филип кој почина минатата година.

Претходната слика објавена од гробницата во Виндзор беше онаа од 2002 година, кога на мермерната плоча со златни букви беа испишани имињата на кралот Џорџ Шести и на кралицата мајка, заедно со датумите на нивното раѓање и смрт, пишува „Дејли мејл“.

А на плочата е напишано по редослед: и Џорџ VI: 1895-1952, Елизабет: 1900-2002, Елизабета II: 1926-2022, Филип: 1921-2021. Помеѓу двата пара има една метална ѕвезда што го претставува Редот на најстариот и најблагороден ред на витештвото во земјата.

Сите четворица беа членови на овој ред, а капелата Свети Ѓорѓи беше нивниот духовен дом.


фото: Твитер