„Еве зошто ја напуштив сопругата и семејството заради 10 години помлада жена“

Маж кој имал навидум совршен живот: сопствената куќа, семејство и одлична работа, решил да го остави сето тоа заради жена која е 10 години помлада од него. Тој ги објасни своите причини во анонимна исповед за порталот Мама Миа.

"Многумина веднаш ќе заклучат дека јас сум измамник и дека сите мажи се исти, но не е така. Никогаш порано не сум измамил жена. Секогаш сум сметал дека нема смисла да бидеш со некоја ако не си и и селосно оддаден. Кога се оженив со мојата сопруга, бев воодушевен. Таа беше многу искрена и привлечна, многу се смееше и имаше одлично чувство за хумор. Бевме пресреќни, другите двојки ни завидуваа “, се сеќава тој.

Сè се сменило, тврди тој, кога добиле деца.

"Мојата сопруга беше совршена мајка, таа беше многу посветена на семејството и им беше посветена на децата. Таа им даде неверојатна љубов и внимание. Проблемот е во тоа што за мене не остана ништо и почнавме да се оддалечуваме. Животот со две мали деца беше исцрпувачки. Кога ќе добивме малку време да бидеме сами, не разговаравме за ништо важно, немаше интимност “, вели тој.

На работа, тој стана близок со жена скоро 10 години помлада од него. Тврди дека на почетокот не му шаѓало на памет да ја напушти сопругата и дека се надевал дека ситуацијата во неговиот брак ќе се подобри, но тоа не се случило.

"После една година дружење со девојка од работа, сфатив дека сум вљeубен во неа. Таа ми ја даде емотивната врска по која копнеев во бракот, нешто што не го чувствував со сопругата долго време", објасни тој зошто конечно ја напуштил сопругата.

Иако  во меѓувреме ја прекинал врската, тој сепак смета дека неговата одлука била добра.

"Знам дека на многу жени им е тешко да ја прифатат мојата приказна, но многу мажи се чувствуваат осамено и изолирано. Мојата сопруга толку многу се фокусираше на нашите деца што таа изгуби осет дека и јас сум дел од семејството. Ми требаше емотивна врска, а таа тоа едноставно не го даде “, заклучи тој.

На крајот, советува дека мора сите мажи, а и жени да внимаваат да не се изгуби низ годините вљубеноста, страста и почитта. Дека љубовта не е само за една две, пет години, дека таа треба да трае ако сакаме да трае и бракот и дека не треба да се изгубиме во постојаните навики, туку секојдневно да се потсетуваме колку си требаме еден на друг.