Еволуција на стилот на Анџелина Џоли: Од кожени панталони до елегантни фустани

Од кожените панталони на „Лара Крофт“ до елегантните фустани на амбасодарот на добра волја на ОНН - холивдската актерка Анџелина Џолина во модната еволуција.

Анџелина Џоли, 45 - годишната актерка и режисерка во својата кариера покрај улогата на амбасадор на добра волја на Обединетите нации е сопственик и на наградата „Оскар“, како и добичка на три „Златни глобуси“.

Во доцните 90 - тите и раните 2000 - ти, за време на романсата со актерот Били Боб Торнтон и снимањето на филмот „Џиа“ и „Лара Крофт“, Анџелина често носеше кожени панталони и маички со принтови, како и преголеми капути и костими со панталони. Потоа актерката ја офарба косата во црно, ги истакна веѓите и капаците ги боеше воглавно со изразена сина сенка. Важен дел од стилот на Анџелина Џоли се тетоважите. Познатата актерка во еден временски период имаше повеќе од 20 тетоважи на своето тело.

Подоцна нејзиниот стил стана префинет. За свечените церемонии, каде што најчесто се појавуваше во друштво на својот тогашен сопруг Бред Бит, Анџелина секогаш се одлучуваше за долги фустани, со едноставен крој.