Факти како доказ: Маркл е омилена војвотка на Елизабета II

Многу Британци живееле во огромна заблуда за врските во кралското семејство

Меган Маркл и принцот Хари го напуштија кралското семејство и ги напуштија своите кралски обврски во март 2020 година. Нивната одлука во овој момент изгледа конечна.

Според експертите, нивната акција била диктирана од фактот дека медиумите и општеството не ја прифаќаат војвотката од Сасекс, а кралското семејство не застанало доволно цврсто зад неа.

Сепак, кралски биограф откри нешто шокантно за времето кога Меган сè уште беше дел од Британското кралското семејство. Тајната е поврзана со кралицата Елизабета Втора, а многумина остави без зборови.


Кралскиот биограф, Колин Кембел пишува дека кралицата се обидела да стори сé за да ја задржи Меган во семејството и всушност и се допаѓала многу повеќе од Кејт Мидлтон, бидејќи и дозволувала многу повеќе привилегии.

Кембел тврди дека Елизабета Втора, принцот Чарлс и другите членови на семејството се обиделе сè за да направат Маркл да се чувствува како дома.

„Морам да ви кажам дека ова семејство навистина се обиде да стори сé што е можно за да ја натера Меган да се чувствува како дома. Таквите напори никогаш не биле направени за никого“, открива тој.

Тој, исто така додаде дека помалку од еден месец откако војвотката од Сасекс се омажила за принцот Хари, таа присуствувала на настан со кралицата.


Кембел верува дека на кралицата навистина и се допаѓа Меган бидејќи „таа е многу силна и никогаш не се мачи да ја преземе контролата и да води“.

Тој потсетува дека всушност Меган била поканета во кралското семејство за Божиќ во 2017 година, кога таа сè уште не била официјален член на семејството. А тоа се случило за прв пат во историјата.

Покрај тоа, поранешната актерка ја придружуваше кралицата на нејзиниот прв настан помалку од еден месец по нејзината венчавка.

Кралскиот биограф потсетува дека војвотката од Сасекс си дозволила да ги игнорира и крши многу од кралските протоколи и правила што другите членови на семејството отсекогаш ги следеле.

Сепак, кралицата никогаш не била лута, и секогаш ја поддржувала сопругата на принцот Хари. Но, добро е да се потенцира дека, Елизабета
II никогаш не дозволила такви слободи на другите членови на семејството.

Извор: jenata.blitz.bg

Кралицата Елизабета II: Држи шест Гинисови рекорди

Елизабета II ја подготвува Кејт за кралица: Војвотката заблеска во зелено