FASHION GROUP ЗАПОЧНУВА СО ОНЛАЈН ПРОДАЖБА НА СВОИТЕ БРЕНДОВИ

Добивај вести на Viber

Како најголема малопродажна групација на компании за текстил во регионот, која ги поседува правата на ексклузивност, франшиза и мастер франшиза за многу светски познати модни брендови, Fashion Group се стреми секогаш да внесе новитети и да обезбеди уникатно искуство за своите купувачи. Во таа насока, страницата www.e-shop.fashiongroup.com.mk ќе биде виртуелна продавница во која се застапени речиси сите брендови на Fashion Group со својот целосен асортиман. Во оваа онлајн продавница купувачите ќе имаат можност едноставно, брзо и безбедно да ги купуваат своите омилени производи. Живееме во време на огромна дигитализација, време во кое се менуваат купувачките навики, а секоја модерна компанија која ги следи потребите на своите потрошувачи тежнее кон прифаќање на новите трендови на работење. Голем дел од македонските купувачи се навикнати да купуваат онлајн и тоа најразлични видови на производи, но тоа е најчесто од странски веб страници, со што трошоците за испорака се големи. Затоа тимот на Fashion Group Македонија, ја создаде оваа платформа како збогатување на постоечката онлајн понуда и како можност за купувачите да пазарат во било кое време и од било кое место, со тоа избегнувајќи “патување” до трговските центри, чекање редици и заштедувајќи време. Виртуелната продавница на Fashion Group  е отворена 24/7, 365 денови во годината.  Таа е новата онлајн дестинација за сите љубители на модерното облекување. Ве очекуваме!