Фаталната бринета објави фотки од преслаткиот Сли: Синот на Емили Ратајковски наполни една година, а еве на кој личи

Емили Ратајковски, манекенската сензација, го прослави првиот роденден на својот прв син и објави неколку фотографии на Инстаграм.

Емили Ратајковски покрај неколку фотографии додека беше бремена, сподели и фотографии од преслаткиот Слај. И додека мама е фатална бринета, малото дете е русокос на тато.


Гордата мама покрај фотографиите напиша: „Среќен роденден Слај. Среќен ден за мене“.

View this post on Instagram

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)



За потсетување, на 11 март 2021 година, Емили на Инстаграм откри дека добила син со режисерот Себастијан Бер-Меклирд (39).

„Силвестер Аполо Бир ни се придружи на земјината топка. Сли пристигна на 8 март 2021 година, во најнереалното, најубавото и најљубовното утро во мојот живот“, напиша манекенката во описот на фотографијата на која го дои својот син.

Емили Ратајковски минатата година привлече големо внимание по интервјуто за магазинот „Вог“ во кое откри дека не сака да врши родов притисок врз синот, туку ќе го воспита да ја преземе родовата улога што ја сака - момче, девојче или што и да посака.

„Не сакам да го принудувам детето од раѓање, бебињата треба да се остават сами. Јас ќе бидам родител кој ќе му дозволи на моето дете да биде што сака. Сакам тој сам да избере што е неговото место на ова планета. Не сакам да биде под притисок. Општество што ќе му каже каков пол е, пред да прозбори“, рекла Емили.

Актерката судбоносно „ДА“ изговори во февруари 2018 година. За време на бременоста, таа беше многу активна на Инстаграм и објавуваше како и минуваат месеците во блажената состојба.

„Мојот син сам ќе одлучи дали е момче или девојка“: Емили Ратајковски прв пат го покажа лицето на синот по изјавата која крена прашина во јавноста (ФОТО)


фото: инстаграм официјален профил Емили Ратајковски