Филипче за журките и забавите: Младите мора да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, а надлежните институции да спроведат истраги

Денес тема број еден низ медиумите во земјава се журките и забавите кои се прават низ повеќе градови. Особено низ социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од забавите кои со масовно присуство на млади се организираат во ноќен клуб во Струмица.

Се огласи и министерот за здравство Венко Филипче кој на својот фејсбук профил напиша дека  младите мора во целост да ги поддржуваат мерките за заштита од корона вирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, задолжително да носат заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Но исто така првиот човек на здравството во земјава од надлежните институци побара да спороведат истрага и да се санкционираат овие собирања.