Филмска одмазда: Александра му пеела на свадбата на поранешниот и жената со која ја изневерувал (ВИДЕО)

На видеото се гледа како невестата изгледа збунето и вознемирено и гледа наоколу во своите пријатели и семејството

Александра Стар е пејачка од Калифорнија и девојка која никогаш не можела да сонува дека целиот нејзин живот ќе се сврти за 180 степени за само еден ден. Оваа девојка беше позната во својот град, а поради едно видео сега ја знаат повеќе од 5,6 милиони луѓе.

Имено, таа објави видео во кое објаснува дека до пред една година била во среќна врска цели пет години. Сепак, Александра дознала дека нејзиното момче ја изневерувало и дека само неколку месеци по нивното раскинување ја запросил новата девојка .

Со оглед на тоа дека е пејачка и често „скока“ да им помогне на колегите кога не можат да пеат, Александра ја прифатила поканата на колега да пее на свадба заедно со нив.

@alexandra_starr Replying to @tamerillo original sound - alexandrastarr


- Дознав дека тоа е нивна свадба. Чувствував дека тоа е знак и го сфатив како совршена можност за одмазда – изјави таа.

Александра се појави на свадбата на нејзиното поранешно момче и жената со која ја изневеруваше, а потоа го зеде микрофонот и ја отпеа песната „Пред да ме изневери“.

На видеото се гледа како невестата изгледа збунето и вознемирено и гледа наоколу во своите пријатели и семејството.

Во еден миг еден маж и пришол на Александра и се обидел да ја симне од бината, но таа го зграпчила пијалокот и го истурила на лицето на младоженецот, а потоа го турнала и си заминала.

Нејзиното видео набрзо стана вирално, а многу луѓе ја осудија за нејзините постапки.

- Ова е толку злобно. Кутрата жена - напишал еден маж.

- Ти си толку токсична личност. Продолжи со животот, девојче“, додаде друг.


ФОТО: Screenshot