Fit Family предизвик – вежбајте и слабејте заедно со познатите во #30dayschallange

Добивај вести на Viber

Модната дизајнерка Ивана Кнез, сопственичка на брендот Драма, е првата позната личност која го прифати предизвикот 30 дена оформување на своето тело во Fit Family. Таа со сопствен тренер веќе работи на корекција на својата фигура и затегнување на телото со посебен режим на исхрана. 

„Кампањата #30dayschallange на Fit Family ја прифатив затоа што пред неколку месеци кога ослабев 20 килограми, буквално ми останаа дополнителни уште пет килограми кои се најтешки за отсранување, а со тоа да го зацрврстам и обликувам телото како што имав за цел во 2019 година. Задоволна сум што со персонален тренер веќе во првите две недели имаме резултати“ вели Ивана Кнез, моден дизајнер и сопственик на Драма Студио.

Кнез е само една од познатите од Македонија кои се дел од кампањата #30dayschallenge на Fit Family

Кнез е само една од познатите од Македонија кои се дел од кампањата #30dayschallenge на Fit Family кои имаат различен тип на програми за вежбање - за почетници, напредни, за потенцирање на стомачните, за отцртување на нозете, но и програма за здравје и за новопородени мајки наречена Back to Shape.

„Ние во Fit Family работиме со холандскиот бренд Powerfit кој е висококвалитетен. Концептот на нашето студио за слабеење, вежбање и здрав живот се темели на физичка активност во кабина загреана со инфрацрвена лампа, правилна исхрана како и консултации, мерење и coaching. На секоја жена без разлика на возраста сме посветени преку индивидуален пристап за да ги постигне резултатите кои ги посакува“, изјави   Софка Муфишовска, тренер и сопственик во Fit Family.

Вежбањето се одвива во кабината која е затоплена со инфрацрвена лампа преку која инфрацрвените зраци создаваат температура измеѓу 34 и 37 степени. Топлината на зраците длабоко делува на мускулите, ја стимулира циркулацијата и со тоа се стимулира процесот на топење на маснотиите. Се вежба во лежечка позиција во која клиентот ги изведува сите вежби, исклучително под надзор на личен тренер. За да има резултат се вежба минимум два пати во неделата, во времетраење од само 20 до 30 минути. 

Софка Муфишовска, тренер и сопственик во Fit Family

„Инфрацрвените зраци се комплетно здрави биејќи тие навлегуваат во мускулите, се избегнуваат болките во мускулите по физичката активност. Помагаат на побрзо топење на маснотиите, намалување на целулитот, подобрување на функционирањето на метаболизмот. Ја измазнува кожата и преку потењето побрзо се исфрлуваат токсините од телото.  Така, овие зраци намалуваат и олеснуваат болки, како на прмер ревматски болки во телото, ја подобруваат циркулацијата на крвта и го регулира крвниот притисок “ додава Софка.

Вежбањето се одвива во кабината која е затоплена со инфрацрвена лампа преку која инфрацрвените зраци создаваат температура измеѓу 34 и 37 степени

Холандската метода е компатибилна за жени во позрела возраст, така што може во Fit Family да се зачленат девојки од 17 години до жени кои се на 70 години. Fit Family нуди цел пакет на услуги, од вежби до исхрана, кој ќе ви помогне да го трансформирате своето тело. Од студиото ги предизвикуваат сите жени да направат нешто за себе односно за своето тело.