„Флекс кредит“ се шири во Европа - отворена првата филијала на „КРЕДИТЕРО“ во Валенсија

Добивај вести на Viber

Групацијата на "Флекс кредит" се шири во Шпанија со бизнис- моделот кој се практикува во Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија.  Отворена е првата филијала во Валенсија. Финансиското друштво  во оваа европска држава функционира  под името „Кредитеро“.

Од "Флекс кредит" велат дека ова  е голем чекор за нив, но и генерално за домашниот финансиски систем. Македонски бренд се позиционира на развиен пазар и тоа е додадена вредност за целата држава. Дополнително, се планира во следните три години  во Шпанија да се отворат повеќе од 120 филијали.

Ова е предизвик за финансиското друштво кое е силно уверено во идната успешност на брендот и секако, потврда за успешната работа досега. 

„Кредитеро“ во Шпанија постои веќе две години, но досега функционираше само како онлајн финансиско друштво, кое нуди брзи и лесни кредити.

ПР објава