Флори Имери: Ќе ја бојкотираме наставата во средните училишта во Струга доколку мора да биде онлајн

Средношколци од средното стручно училиште „Нико Нестор“ и гимназијата „Д-р Ибрахим Темо“ од Струга, минатата недела најавија бојкотирање на стартот на учебната година доколку таа започне со онлајн настава. Претседателот на средношколскиот совет во „Нико Нестор“, Флори Имери вели дека доставиле писма до директорите на двете училишта и до општината, и доколку не добијат позитивен одговор за физичко присуство, нема да ја стартуваат учебната година од 1-ви октомври. Токму со него разговараме за деталите поврзани со бојкотот на наставата.

* Зошто сметате дека не треба да учите преку онлајн платформа?

- Најпрвин сакам да ви се заблагодарам за можноста за интервју. Сметаме дека учењето преку Интернет не е ефикасно бидејќи начинот на учење со физичко присуство не може да се замени со било кој друг вид на учење, бидејќи и голем број ученици не ги имаат вистинските алатки за овој вид на образование. Ако има учење преку Интернет, ќе го бојкотираме истото затоа што ќе се појават дегенерирани генерации и оваа дегенерација нема да има лек.

* Колку сте задоволни од онлајн предавањата минатата година? Дали професорите беа доволно упатени, дали имаше намалување или зголемување на оценки?

 Минатата учебна година нè најде неподготвени за овој вид на учење преку Интернет. Многу сме незадоволни бидејќи голем број професори не ни ги објаснија лекциите од почетокот на пандемијата, особено оние што се на постара возраст, додека мал број професори ни објаснија. Но, како што сите знаеме, последните оценки се засноваа на оценките на првото полугодие, така што имаше нивно зголемување.

СОУ „Нико Нестор“- Струга

* Дали ги застапувате сите ученици во средните училишта во Струга,  „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“?

- Секако дека ги претставуваме сите средношколци на „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“, каде што повеќето ученици бараат физичко присуство, па не можеме да молчиме за такво нешто. Доколку се одлучи дека нашето училиште ќе продолжи со онлајн образование, ние ќе го бојкотираме и ќе продолжиме со протести се додека нашиот глас не го слушнат надлежните органи и министерката за образование и наука.

* Кои се главните причини поради кои барате физичко присуство на учениците?

Меѓу главните причини зошто бараме физичко присуство на ученици во училиштата се: 

- Бидејќи учењето преку Интернет не е ефикасно

- Студентите ќе бидат под поголем стрес бидејќи за прв пат се соочуваат со овој вид на учење

- Како и земјите од регионот, ние исто така бараме образование за физичко присуство

- Кога партиските кафулиња и ноќни клубови се отворени, нека се отворат училиштата каде што ќе се почитуваат протоколите

Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ - Струга

* Дали разговаравте со директорите, на каков одговор и однос наидовте?

- Дури и директорите на училиштата се со мислење дека е подобро учениците да доаѓаат на училиште со физичко присуство, но според нив, доколку министерството одлучи дека наставата треба да се одвива преку Интернет, ќе мора да се согласиме за со нивната одлука. Но, ние ја задржавме нашата одлука со објаснување дека ќе бојкотираме и ќе започнеме со протести.

* Кои се вашите идни планови, дали доколку не се смени ставот дека мора да се учи онлајн, вие ќе ја бојкотирате наставата? Доколку да, дали сметате дека тоа ќе вроди со резултат?

- Ние остануваме на нашата одлука да ја бојкотираме наставата и продолжуваме со протести се додека наставата во нашето училиште не продолжи со физичко присуство, без оглед дали Министерството ќе одлучи да започне настава преку Интернет.

Д. Караташова Илиоска