Животна училница // Приказни
(ФОТО) 16 години хармонија: Водителката Александра од „Брза кујна“ и сопругот очекуваат принова
- 27 Октомври, 2020
ТВ-водителката Александра Пановска Илиевска, на гледачите позната по кулинарското шоу „Брза кујна“, од пред година и половина е одговорно лице и задолжена за маркетинг и ПР во салон за убавина во центарот на Скопје.
Имено во 6-тата сезона од емисијата „Брза кујна“ таа паузира од водителството, поради приновата која ја очекуваат со сопругот со кого се заедно веќе 16 години.
- Здравје, 7-ма сезона со нови знаења и умеења од кулинарство во друштво со нов член на семејството, ќе биде предизвик да се сподели пред македоската јавност… хахахах - изјави шармантната Александра за „вистина.мк“.