(ФОТО) 8 часа јадам, 16 гладувам: Јелена Бачиќ Алимпиќ се здебели како никогаш досега и се стави на режим

Водителката се здебели, но веднаш презеде мерки за губење на вишокот килограми

Јелена Бачиќ Алимпиќ, водителка и позната српска писателка, им се пожали на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм дека се здебелила, па веднаш решила да држи диета и да го изгуби вишокот килограми.

Водителката сериозно „се фрли на тренинг“, а освен тоа, користи и автофагија.

- Значи „се згуцав “ како никогаш порано ... Секако (без намера да се оправдам), клучна улога тука игра и возраста (нешто повеќе од 52 години), хормоналната нерамнотежа, проблеми со инсулинска резистенција, тироидна жлезда ... Короната ме заобиколи. За сега. Затоа, решив да се вратам на сериозен тренинг и за прв пат во животот да применам некоја од милионите диети (се одлучив за автофагија 16/8 -  јадам како птица осум часа, гладувам 16 часа). И сето ова не е заради мојот физички изглед, како што повеќето би помислиле, туку заради мојата психофизичка состојба. Староста е пред вратата и јас ширум ѝ ја отворам, но сакам да остарам задоволна и среќна. Почнав пред три дена и ќе ве известам  за еден месец „ќе видиме дали има некои промени“ - напиша Јелена Бачиќ Алимпиќ на својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Bacic Alimpic (@jelena_bacic_alimpic)