(ФОТО) Антониа Гиговска стана русокоса

Младата пејачка Антониа Гиговска секојдневно изненадува со своите аутфити. Секогаш тип топ средена од глава до петици, не дозволува ни најмала грешка да биде забележена на сметка на нејзиниот изглед.

Откако се врати од летување, на кое беше заедно со нејзиното момче Иван, таа направи неверојатна промена. Овој пат станува збор за бојата на нејзината коса.

Имено, од денес Антониа е блондинка. Таа сподели неколку фотографии од нејзиниот нов изглед, а он кој прв го пофали истиот беше Иван. Имено тој сподели фотографија на која позираат заедно, а покрај истата тој напиша опис „моја русокоса“.