(ФОТО) Авангарден или романтичен: Накит кој мора да го имате за празниците
Несомнено е дека за празниците кои следуваат, секоја дама треба да изгледа елегантно и сензуално. Она на што секогаш треба да внимаваме се деталите. А кој не би забележал специфичен накит на убаво средена дама?
Накитот е одраз на нашиот карактер, а познатиот италијански бренд „Ребека“, има да понуди парчиња и за дами кои ја сакаат едноставноста, но и за оние кои сакаат да бидат свои.
1. Авангарден изглед
- Ако сакате да бидете специфични и младалашки, ќе изберете ѓердан составен од неколку ланчиња со многу ситни додатоци, како и висечки обетки. Одговараат на парчиња со длабоко деколте, со кое сепак ќе изгледате пристојно и секси.
2. Романтичен изглед
- Сакате да бидете сама со елегантен накит и раскошен фустан. Тогаш ќе направите ваков избор.
3. Минималистчки изглед
- „Less i more„. Доволни Ви се само обетки како алка, кои никогаш не излегуваат од мода. Одговараат и на елегантен, но и на „street style“.
4. Сензуален изглед
- Ако сакате да бидете секси дама, со кралски изглед, накитот во златна боја е неизбежен детаљ од Вашиот изглед.
Каролина Гочева и Биг Мама се само дел од македонските ѕвезди кои го избираат овој бренд како свој фаворит.