(ФОТО) Би го вратила времето од пред 20 години: Сузана Турунџиева со носталгични сеќавања

Водителката Сузана Турунџиева, објавувајќи ретро фотографоија на својот Инстаграм профил, раскажа дека ѝ недостасуваат старите времиња, и со задоволство би се вратила дваесетина години назад.

„ Да постои копче за враќање во минатото, без двоумење би се вратила во летото во 1998 година“, вели Турунџиева. Во тоа време, таа беше една од нашите најпознати поп-пејачки а примаше и бројни награди во областа на оперското пеење. Сузана, токму во 1998 година доби прва награда на Републичкиот натпревар по соло пеење во Скопје, и  трета награда на Сојузниот натпревар во Љубљана, на ниво на СФРЈ. 

Фотографијата на пејачката на која таа е со многу поинаков имиџ од денес е направена две години пред да ја роди првата ќерка Лора, која има неполни 19 години. Тогаш таа беше во врска со поранешниот пливачки ас Александар Маленко, таткото на нејзината ќерка Лора. 

Турунџиева во 1998 година беше популарна пејачка и имаше сосема поинаков имиџ од денес 

Лора летово се омажи за Филип Наунов, и го очекуваат своето прво дете. „ Од наша страна, повеќе навиваме за машко, а во семејството на Филип повеќе сакаат внука“ изјави неодамна Турунџиева.

Пред повеќе од четири години, почина сопругот на Турунџиева, Марјан, таткото на нејзината втора ќерка, деветгодишната Матеа. Тој беше сопственик на познат скопски ресторан. „Мислев деκа сеκогаш можам да најдам соодветен збоρ, сега не можам. Немам, немам збор да ја опишам мојата болка и загуба. Не напушти нашиот сакан Марјан“, објави тогаш Турунџиева.