(ФОТО) Биби Рекса јаде македонски ајвар: Американската пејачка ги почитува своите корени

Пејачката и текстописец Биби Рекса веќе долго време е во светската музичка индустрија.

Светски познатата ѕвезда е е родена во Њујорк, а нејзините родители се Албанци од Дебар кои емигрирале во САД во текот на 80-тите години од минатиот век. Нејзиното вистинско име е Блета Рекса.

Она кое привлече особено внимание на нејзниот профил на Инстаграм е фотографијата на која Биби покажува тегла на која јасно пишува дека е македонски ајвар.

 

Полупразната тегла со ајвар ја видоа 7,5 милиони нејзини следбеници, со што Биби покажа колку ги цени своите македонски корени.