(ФОТО) Близначки се омажија за браќа близнаци, а сега очекуваат бебиња: Сите ќе живеат заедно

Нивните деца, покрај тоа што се братучеди, ќе бидат и генетски браќа и сестри

Идентични близначки, Британи и Бријана, се венчаа со идентични близнаци, Џош и Џереми Салерс и сега очекуваат деца - во исто време.


Паровите се венчаа во ист ден, а целата церемонија ја снимаше телевизијата „TLC“. Двојките сега очекуваат бебиња, а својата среќа ја споделија на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Josh, Jeremy, Brittany, Briana (@salyerstwins) on




"Презадоволни сме и благодарни што истовремено сме бремени и сакаме да ја споделиме добрата вест со вас. Нашите деца не само што ќе бидат роднини, туку и ќе бидат генетски браќа и сестри. Не можеме да дочекаме да ги видиме и да ги запознаеме!"

Две години по нивната свадба, двојките ја соопштија радосната вест за бременостите.


Британи тогаш изјави дека паровите ќе живеат во заедничка куќа и дека ќе ги одгледуваат своите деца заедно.


„Замислувам дека децата ќе се чувствуваат како да имаат двајца татковци и две мајки и сите ќе ги воспитуваме заедно.


Фото: Инстаграм

Неверојатна приказна: Чекаа деца 14 години, па добија тројка во време на пандемија