(ФОТО) Бојана и Мартин Вучиќ во прегратка
Бојана Скендеровски и Мартин Вучиќ некогаш беа редовни победници на домашните музички фестивали, а добиваа и награди на регионалните.
На оваа фотографија од 2003 година, колегите прегрнати позираа, задоволни од настапите на фестивал во Будва. Ретко кој би ја препознал Бојана на оваа фотографија, пејачката и водителка на емисијата „Улица Македонија“ на почетокот од музичката кариера имаше сосема поинаков имиџ од денес. Бојана и сега е убава и негувана жена. Таа е сопруга на Васко Скендеровски и мајка на Искра која наполни една година.
„ Мајчинството ме промени комплетно. Ме научи да заборавам на себичноста, ми покажа колку сум му потребна на едно мало суштество, кое е комплетно зависно од мене“, изјави Бојана за Женски магазин.
Мартин Вучиќ, кој е Магистер по музичка уметност се повлече од пеењето. Тој е перкусионист во Македонската филхармонија, и од неодамна е новиот директор на националниот Ансамбл за песни и игри „Танец“. Во јуни годинава, тој се ожени со неговата долгогодишна девојка Сања.