(ФОТО) БРЗА, ЕДНОСТАВНА И ОРИГИНАЛНА: Направете полжав торта за роденденот на детето
Останавте без идеја за роденденска торта на вашите најмали? Ви предлагаме торта во облик на полжав , за која ви е потребно само малку време, нешто материјал и добра волја.
Малите сакаат секакви слатки, но посебно ќе бидат воодушевени ако за роденден им направивте торта со необичен облик.
Слаткиот полжав , кој ви го предложуваме се подготвува брзо и едноставно, а со сигурност ќе измами насмевка на лицето на малиот славеник и неговите гости.
Во прилог погледнете ја постапката:
Филување
Округла кора исечете на половина, а потоа двете половини спојте ги со помош на избраниот фил, така што ќе формирате облик на полумесечина. Споениот дел поставете го на средина на послужовник или украсна чинија на која ќе ја сервирате тортата. За да ја направите главата на полжав, една цела мафина ставете од предната страна, а исечениот дел од друга ставете го како опашка на другата страна (не заборавајте да ја отстраните хартијата од мафината).
УкрасувањеДвете споени половини на тортата прекријте ги со розев фил (или по ваш избор) а за мафините користете жолт. Со помош на чепкалки прицврстете ги мафините за поголемиот дел од колачот.
Детали
Бомбони во различни бои распоредете во обликот на полукруг од двете страни на тортата.
Свеќички За антени употребете две цевки на кои со помош на малку претостанат шлаг можете да ги залепите бомбоните. Антените турнете ги до половина на мафината од предната страна, а устата и носот нацртајте со помош на обоен шлаг. Околу тортата ставете кокос.