(ФОТО) Цеца го покажа вистинското лице: Пејачката во целосно природно издание

Додека некои пејачи без шминка не излегуваат ниту до продавница, други уживаат да го покажуваат својот природен изглед на јавно место.

Цеца Ражнатовиќ среде Рим, се прошета без шминка. Пејачката веќе неколку дена ужива во турнејата низ италијанската престолнина, а времето го поминува и на шопинг и турнеи низ ресторани со својата ќерка Анастасија. Сепак, двете дами за време на прошетка во Рим ги фати невреме, а бидејќи немаа чадор, останаа влажни. Кога конечно фатија такси за да се вратат во хотелот, Цеца се сликаше во природно издание и ја објави на Инстаграм. 


Освен што била „жива вода“, на видеото јасно се гледа дека пејачката не носела воопшто шминка. И покрај тоа, според коментарите на нејзините следбеници, таа сепак изгледа беспрекорно, па многумина ја советуваа да става помалку шминка дури и кога станува збор за снимање.


- Нема романса во Рим. Гледате колку покиснав - рече Цеца додека го снимаше видеото и покажуваше дека косата и е целосно уништена. 


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Цеца и Карлеуша се тотално различни, но сепак имаат нешто заедничко: Моден додаток од 2.300 евра

Како да има 20 години: Цеца во тесен фустн ги „запали“ социјалните мрежи