(ФОТО) Дали ова е иднината на летувањето? Во Грција наместени првите необични лежалки

На грчкиот рајски остров Санторини се поставени првите лежалки со заштитен плексиглас, од двете страни, за да се обезбеди подобра заштита од пандемијата од коронавирус.

Покрај тоа, корисниците ќе имаат на располагање пешкири за еднократна употреба и средства за дезинфекција, како дел од нивната Плексиглас кабина.

Лежалките на плажа ги постави познатиот Чарли Кашин, сопственик на модерниот хотел „Suites of Gods“ во Санторини, кој прв започна да поставува лежалки заштитени со плексиглас на плажата Периса.

- Видовме дека прават нешто слично во странство и затоа дојдовме до идеја да ја примениме истата работа на Санторини, се со цел да ги натераме нашите гости да се чувствуваат безбедно и сигурно додека престојуваат на плажа - рече тој во интервјуто за „Прото Тема“.

Чарли истакна дека лежалките ќе бидат наместени на растојание од 4 метри и со плексиглас.


Исто така, гостите во хотелот кои користат лежалки ќе имаат на располагање средства за дезинфекција и крпи за еднократна употреба.

Пред недела дена, грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис  узјави дека оваа година летната сезона во Грција ќе трае три месеци.


Извор: telegraf.rs

Фото: Фејсбук/Charlie Chahine


Инфектолог открива: Дали може да се заразиме со коронавирус додека пливаме во море или во базен