(ФОТО) Деми Мур во врска со стилистка од Белград?

Добивај вести на Viber

Деми Мур веќе две години е во љубовна врска со позната стилистка од Белград, тврдат американските таблоиди. Славната актерка неколкупати е видена во друштво на младата стилистка Маша Манџука, а според некои извори тие веќе делат ист покрив и заеднички се грижат за двегодишната ќерка на Маша.

Српските медиуми во август минатата година пишуваа дека холивудската актерка и Маша во друштво на уште неколку пријатели посетиле познат сплав во Белград и одлично се забавувале до доцна во ноќта. Оваа информација тогаш ја потврди и еден од музичарите кои ги забавувале гостите.