(ФОТО) Денес е негов ден: Порасна синот на Димитар Андоновски

Добивај вести на Viber

Пејачот Димитар Андоновски на својот профил на Фејсбук сподели фотографија од своето синче Михаил кое денеска на празникот Св. Арганхангел Михаил слави именден.

- Михаил чека гости за именден. Честито име и слава на сите славеници и нека е за многу години- напиша пејачот кој е дел од „Тајфата“ под фотографијата од преслаткиот славеник.


- Среќен сум што ја имам Христина за жена затоа што во денешното модерно време кога сите вредности се изгубени реткост е, но и дар од Бог да имаш вистински човек покрај себе. Ја сакам нејзината едноставност и скромност и едноставно уживам во секој миг со неа.Му благодарам на Бога што ни го подари најпрекрасниот син на светов. Михаил комплетно ми го промени животот, се чувствувам исполнет, среќен и сфатив дека ништо друго не е благословено и повредно од семејството. Христина е многу посветена мајка и навистина покрај бројните обврски што ги има околу детето скоро дипломира на Филозофскиот факултет како историчар со највисок просек. Едноставно се гордеам со неа - изјави Димитар за „Женски Магазин“ пред неколку месеци.