(ФОТО) Две фризури кои никогаш нема да излезат од мода
Трендовите доаѓаат и си
одат, но со класиците нема грешка.
Фризерите наметнуваат нов тренд на стилизирање на косата секоја сезона, кој се одржува кратко и потоа доаѓа следниот и така натаму. Промените понекогаш се добри, но ќе се согласите дека е невозможно да се следи сè што е актуелно.
Овие фризури успешно го поминаа тестот на времето и со децении се омилен избор кај жените. Она што е најдобро за нив е дека тие се одлични за повеќето жени.
Ако не сакате да ризикувате, овие две фризури се идеални за вас:
Боб
Боб фризура, потскратена коса малку под брадата, му одговара на секое лице. Дури и ако имате тркалезно лице,овој тип на фризура ќе ве истакне феноменално.
Оваа должина е многу благодарна, така што лесно можете да ја одржите формата и вашата коса ќе изгледа беспрекорна. Може да ја носите совршено права, но ќе изгледа добро и доколку ја завиткате.Коса на степени
Овој стил на фризура е ненадминат со децении. Оваа фризура мора да ја имате барем еднаш во животот и вие сте свесни за тоа колку може да изгледа добро и да го истакне вашето лице.
Со оглед на стилот на фризура, нема да мора да вложувате дополнителен напор во стилизирање на истиот. Само исушете ја со фен, додадете малку пена и ќе ја навиткате косата а со тоа ќе имате фризура како штотуку да сте го напуштиле салонот.