(ФОТО) Две убавици: Ќерката на Натали прослави втор роденден

Добивај вести на Viber

Познатата манекенка и некогашна бинго-девојка Наталија Грубовиќ го прослави роденденот на својата ќерка. 

Нејзината ќерка го доби името според прекарот кој ѝ го даде актерот Игор Џамбазов, Натали. Таа изминатиов викенд наполни две години. 

- Среќен роденден моја принцезо, моја љубов, мое сѐ- напиша убавата манекенка, под нивната заедничка фотографија.

Натали веќе неколку години со сопругот, бизнисменот Дрен Глушац живее во Нови Сад. Според неколку нови фотографии, медиумите заклучија дека Натали е бремена по вторпат.