(ФОТО) Џесика Симпсон се преполови: Од 110 килограми по третата бременост, се пофали со новата тежина!

Пејачката и актерка Џесика Симпсон успеа да ја врати тежината што ја имаше пред бременоста за многу кратко време.

Џесика Симпсон се породи во март годинава и роди бебе девојче, Брди Меј Џонсон, таа се здебели толку многу за време на бременоста, што во еден момент качила неверојатни 110 килограми!

Сега ги воодушеви сите со својата трансформација, која гордо ја покажа на социјалните мрежи.

Имено, нејзиниот тренер им откри на странските медиуми дека смислил план со познатата русокоса за тоа како таа да се грижи за своето тело, но и за нејзиното здравје: „Не направивме никакви екстремни диети или програми за вежбање. Се согласивме дека таа ќе оди по 12 000 чекори на ден, секој ден пред спиење. „Треба седум часа спиење и најмалку еден час на ден без технологија“, објасни тој.

Овој план на тренерот на Џесика, се чини, има многу продуктивни резултати, затоа што Џесика повторно изгледа „уау“!

фото: instagram
извор: stil.kurir