(ФОТО) Ели Танасковска во елегантна и секси креација
Водителката и уредник во културно – уметничката програма на МТВ, Ели Танасковска, е жена која секогаш внимава на својот изглед.
Овојпат на својот профил на Фејсбук, таа објави фотографија на која изгледа навистина елегантно и секси. Црниот фустан со интересни детали е креација на модната дизајнерка и наша колумнистка Ивана Кнез.
Водителката за Женски Магазин откри дека постојано готви домашни јадења и дека е редовна на часовите по аеробик и пилатес. Додава дека има супер коса која е отпорна на сите хемиски третмани и има супер совет за младите девојки.
- Од својата 25 -та година, секој месец, одам на третман. Класичен, чистење на лице, масажа и тонирање. Сакам да ги охрабрам младите девојки и да им порачам навреме да инвестираат во својот изглед. Не пушам, не пијам и уживам кога третманот трае- ни раскажа Ели.