(ФОТО) Еве на кого личи пејачката: Ова се мајката и сестрата на Елена Ристеска

„Светот на Делфина“  пишува под сликата која на инстаграм ја сподели академската сликарка Драгица Ристеска- Димитровска, сестра на поп-ѕвездата Елена Ристеска. 

На сликата со сестрите Ристески е и нивната мајка Деса, за која Елена често вели дека е најгорда на нивните успеси. Очигледно е дека Елена и Дргаица личат на мајка им. 

 „ Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции. Понекогаш ми е жал што не станав ликовен уметник, но ете, се одлучив за студии по италијански јазик, и решив да се занимавам со она што најмногу го сакам, музика. Многу сум горда на мојата сестра, и секогаш одам со неа, на сите нејзини интернационални изложби“, ни изјави Елена лани во мај, на изложбата „Фрагменти“ на нејзината сестра.

Делфина пак е внуката на пејачката, со која како што откри таа и се променил животот.