(Фото) Еве што им подари Меган Маркл на своите најблиски пријателки
Можеби немаше старосватица и другарки деверуши, но Меган Маркл се погрижи да нема сомнение дека нејзините најблиски девојки се важни за неа.
Војвотката од Сасекс нарачала шест златни белезици од калифорнискиот бренд „Zofia Day", од кои секоја чини 450 долари, според Пипл.
Меѓу девојките кои ја добија белезицата беа стилистката Џесика Мулрони, претприемачката и забавен адвокат Бенита Лит и новата пријателка на Меган, Војвотката од Кембриџ, Кејт. Меган, исто така, нарачала ѓердани за ќерките на Бенита, кои се нејзини внуки и деверуши, како и за ќерката на Џесика.
Станува збор за навистина едноставно, елегантно парче кое е само многу верно на нејзиниот личен стил.
Дизајнерот го нарече стилот на белезицата „Кенсингтон", во чест на младенците, и додека беше дизајниран за нарачка, тсепак верзијата ќе се продава на сите нас наскоро.
Меган, исто така, на малите девруши им подарила специјални чевли за свадбата. Создадени од Aquazurra, секој пар беше монограмран со иницијалите на детето и датумот на свадбата.