Пејачката Елена Ристеска, веќе некое време е во среќна врска со Филип Арсовски, тврди естрадниот магазин Бекстејџ.
Имено станува збор за момче кое е сопственик на еден познат угостителски објект, како и на спортски бренд за кој неодамна токму Елена стана заштитно лице.
На прв поглед може да се забележат тетоважите на неговото тело, а се гледа дека станува збор за момче кое внимава на својот изглед.
Имено неговата рака е на една од фотографиите на Елена, додека пак на неговиот профил на Инстаграм, има и нивна заедничка фотографија на која повторно лицето на пејачката е покриено.
Може да ве интересира и:(ФОТО) Имам широк нос, црвенило и акни: Елена Ристеска порача дека не е совршена