(ФОТО) Ги расплака со своите зборови: На поранешната мисица ѝ ја ампутираа ногата
Колумбијката Даниела Алварез, која ја доби ласкавата титула на Мис Колумбија во 2011 година, и ја претставуваше својата земја на Мис Универзумот во 2012, една година подоцна, доживеа голема трагедија во мај.
Имено, мисицата отишла на рутинска операција за отстранување
на грутка од стомакот. Поради компликации со исхемија, односно локален прекин
на протокот на крв, лекарите морале да ѝ го ампутираат долниот дел од левата
нога.
„Не ми треба нога кога имам крилја. Подготвена сум
да ги прифатам сите нови предизвици во животот “, напишала Даниела покрај
фотографијата објавена на социјалните мрежи, а таа ги воодушеви своите 2,4
милиони следбеници со својот позитивен став.
Оваа 32-годишна девојка поминала низ четири многу
комплицирани операции, а пред неа се месеци со закрепнување и навикнување на сосема
нов живот.
Даниела додаде дека сè уште не може да оди затоа
што сè уште не може да го чувствува десното стапало, и открила дека исхемијата
влијаела и врз функционалноста на нејзиното друго стапало.
„Десната нога ми се чини дека е целосно заспана.
Не знам кога ќе може повторно да функционира “, изјавила поранешната мисица.
Таа додаде дека ќе и биде потребна една година за
целосно да се опорави, но не и да се грижи затоа што имала целосна поддршка од
семејството, пријателите и цела Колумбија, пренесува „Klix“.
Изврши 3000 абортуси и донесе на свет исто толку бебиња: Приказна за Еврејката - „ангел на Аушвиц“