(ФОТО) Хит „aнтиејџ“ фризура и нијансирање: Јована Јоксимовиќ со трендот за 2021-ва година

Добивај вести на Viber

Вистинска „антиејџ“ фризура и нијансирање кои ќе бидат хит во 2021-ва година!

Водителката Јована Јоксимовиќ се пофали со својот освежен изглед на Инстаграм.  „Шишање“ е единствениот збор кој стои во описот, но ние жените точно знаеме што значи таа магија кога ќе излезеш со нова фризура од салон и се чувствуваш едно десет години помладо, а понекогаш дури и со некој килограм помалку.

Убавата руса нијанса и „sent trope“ нијансирањето кои ќе бидат хит во 2021-ва година се веќе омилен избор за сопругата на пејачот Жељко Јоксимовиќ, а мора да заклучиме дека ѝ прилегаат одлично.

Заборавете на големи и округли фризури, препорачуваат фризерите. Тоа не значи дека косата треба да биде залепена за лице, но дека со четка треба да биде исфенирана токму како фризурата на Јована.


Фото: Инстаграм профил на Јована Јоксимовиќ


*(ФОТО) Новогодишна бајка во домот на Јоксимовиќ: Јована ja сподели празничната атмосфера