(ФОТО) Хурем го смени својот изглед до непрепознатливост

Добивај вести на Viber

Германско - Турската актерка Мерием Узерли, која стана позната по улогата на Хурем во серијалот „Сулејман величествениот“, драматично го смени изгледот.

Мерием ја исече својата карактеристична долга коса и се определи за модерната боб фризура. Исто така, таа има кафеава коса веќе некое време, така што со кафеав боб таа е скоро непрепознатлива.

Таа се пофали со фотографии на својот Инстаграм профил. „Омг, твојата коса изгледа чудесна“, „Прекрасна си со својата нова фризура“, и коментираа фановите во коментари.

Мерием денес е мајка на една девојче по име Лара која сама ја одгледува. Таа ја доби Лара од врската со претприемачот Кан Атес, кој не сакаше да слушне за детето и ја убеди актерката да абортира. Таа тоа го одби тоа.

"Една вечер во Анталија се фалев за мојата глума, а другата ноќ се обидов да се самоубијам. Прво се обидов да ги исечам вените, а откако немав храброст за таков чин во последната минута, се обидов да скокнам од балконот", се сети еднаш актерката, кога била бремена дека се обидела да си го одземе животот.