(ФОТО) Иако неподвижна, Јасна секоја недела учествува на литургија: Со мајката и браќата дели само една соба

Тригодишната Јасна Дедиќ секоја недела оди со семејството на литургија, која се организира во Црна Гора. Таа, за жал, има церебрална парализа и е целосно неподвижна. Со браќата Величко и Маријан и самохрната мајка Милослава дели само една соба.

Таткото ги оставил пред три години и не исплаќа алиментација, така што живеат многу скромно кај своите во село. Границата со Албанија се наоѓа на неколку километри од нивната куќа.

- Многу ви благодариме што се сетивте на нас. Ние живееме скромно, му се молиме на Господ и постиме. Се надеваме на подобро. Верувајте ми дека синот Маријан утрово кога слушна дека доаѓате, рече „само куќа да имаме“ и тоа навистина е нашата желба- им раскажа мајката Милослава на членовите на хуманитарната организација „Срби за Срби“.

Фото: Srbi za Srbe