(ФОТО) Искрената и храбра Деа Ѓурѓевиќ: Лузните се симбол на мојата победа

Водителката досега многупати отворено збаоруваше за сите детали од ужасната несреќа која ѝ се случи минатата година, и во која автобус ѝ ја откина раката

Водителката Деа Ѓурѓевиќ, која се чувствува подобро и посилно од ден на ден, деновиве ја започна својата шеста сезона како водителка на утринската програма на ТВ Пинк.


- На местото на несреќата, додека лежев беспомошно, само размислував за тоа колку долго ми требаше да ги гушнам драгите луѓе и да им кажам колку ги сакам. Сакав дополнително време да ги прегрнам сите и да им го кажам тоа убаво, а потоа нека биде што ќе биде - раскажа емотивно Деа претходно во искреното интервју.

Водителката додаде дека сега повеќе го сака и го цени животот и апелира до сите луѓе да се радуваат, затоа што една секунда може да промени сè.

- Пред една од 21 операција што ги имав, лекарот ми рече дека исходот може да биде фатален, но знаев дека нема да умрам. Зошто би умрела ?! На 27-годишна возраст, на никој не сум направила лошо, сè уште имам толку многу планови и желби пред мене. Не умирам ?! - вели Деа која сега се бори како лав држејќи трибини во Србија, истакнувајќи ја важноста на претпазливоста во сообраќајот.

Таа се дружи и живее нормално. Новите околности ја натераа да го промени својот стил на облекување и високите потпетици да ги замени со рамни чевли, а гардеробата да ја прилагоди на ситуацијата.

- Кога си на раб да изгубиш се, многу повеќе го цениш она што го имаш. Ја ценам својата рака, без разлика на се. Секој треба да ги сака своите лузни. Толку луѓе на овој свет кои ги имаат ги носат и со нив се гордеат, зошто да не и јас? Ми рекоа дека можам да ги отстранам ласерки, но не гледам причина за тоа. Важно ми е што се функционира. Најголема лузна имам на бутот, од таму ми земаа кожа, но за неколку месеци ќе исчезне. Другите ќе останат за цел живот. Овие на раката се големи, но не ми сметаат. Моите лузни се симбол на мојата победа- раскажа неодамна Деа на темата лузни, а нејзините зборови се толку мотивирачки и храбри, што останува само да ѝ се воодушевуваме.

- Среќа што сум десничар, се испраксирав со една рака да правам чуда, нешто што ми беше незамисливо претходно. Би било потешко и почудно ако ми настрадаше десната рака- додава Деа.

Водителката вели дека сите ги интересирало од каде наоѓа толку храброст, а таа вели дека за тоа се заслужни нејзината мајка, баба, момчето Младен и најдобрите пријателки Даца, Тале и Кача, кои по секоја направена вежба ѝ велеле да направи уште една и дека таа тоа го може. 

- Кога лежев и не можев да се помрднам, замислував дека одам. Кога почнав да одам, замислував дека работам. Самата на себе постојано си задавав нови задачи и предизвици и тоа ме туркаше напред, но дури за две години, како што велат докторите, ќе бидам онаа старата Деа, тогаш се ќе се врати во нормала. Изгледа од мама несвесно научив да бидам храбра и да изгледам челично, како ледена дама која не покажува емоции. Мене физички ми беше најтешко, но мислам дека на мојата Нена психички ѝ беше многу потешко да го гледа своето дете на кое не може да му помогне. Таа не плачеше, барем не пред мене. Од друга страна, Младен ни беше поткрепа за се што не можевме- откри Деа.

Фото: Vesna Lalic, RAS Srbija