(ФОТО) ИСТ КАКО МАМА: Синот на Кајмакоски порасна

Добивај вести на Viber

Синот на Даниел Кајмакоски, Давид, во февруари ќе наполни две години. На својот фејсбук профил, Даниел објави фотографија од синот кој многу наликува на мајка си. Сопругата на пејачот, Кристина Димитријевска е поранешна манекенка со неколку титули за убавина. 

„ Давид е прекрасен. Тој е многу мило и слатко дете, секогаш насмеано. Дај боже цел живот да е така. Навистина сме благословени со него. Фала му на Бога, досега не видовме никаква родителска мака. Сè уште не знаеме какви се тие недоспиени ноќи. Можеби второто дете ќе ни наплати за сè. Само нека се живи и здрави, тогаш сме и ние среќни“, изјави Даниел во претходно интервју за Женски магазин.

Кристина, како поранешна членка на модното студио „Црнокрак“ беше Мис на Македонија за Мис Глоуб, Новогодишна убавица на Балканот, Зимска убавица на Македонија, Мис тело на изборот на Мис за Струмица. Речиси од сите домашни и интернационални избори за убавина, таа се враќаше со титула Мис или придружничка. 

Откако лани во февруари го роди синот Давид е посветена на семејството и ја стави во мирување манекенската кариера. 

„ Секогаш сакав да бидам млад татко“ , напиша Кајмакоски на својот фејсбук профил кога му се роди синот.