(ФОТО) Иста како Мишел Фајфер: Пејачката Тајчи ја покажа сестрата

Татјана Матејаш-Камерон, позната како Тајчи на Инстаграм објави фотографија со својата сестра Сања Матејаш, со што ги изненади своите обожаватели. Тајчи откри дека со сестра ѝ ќе соработува на музички план.

„Среќен роденден на мојата прекрасна, духовита, преталентирана, неверојатно силна, отпорна, независна, страстна, сакана, љубител на животни и „многу помладата сестра“ Сања. Многу те сакам и едвај чекам да одиме на турнеја заедно“, напиша меѓу другото Тајчи во објавата. 

„Сестрата е иста Мишел Фајфер“, вели еден од коментарите на обожавателите. 

Сања инаку се занимаваше со глума и со пеење. Се појави во филмот на Дизни „Дупки“ и во неколку серии, а во Лос Анџелес го основа бендот „Дуда Дид ит“. 

Во една прилика, Тајчи има изјавено дека нејзиниот живот е полн со искушенија. При крајот на 2017 година, од рак на белите дробови почина нејзиниот сопруг Метју Камерон во 47. година. 

Тајчи со синовите, лани во Загреб 

Тајчи сега е мотивациски говороник. Настапувајќи секаде низ Америка, таа ги охрабрува луѓето да веруваат во себеси, а по нејзините предавања настапува со кантри бенд. Минатата година, со трите сина, таа беше во Хрватска. Ги однесе во црквата на Света Катерина во Загреб каде што во 1999 година се венчаше со покојниот сопруг.

Во 2015 година таа имаше свое утриснко шоу на нејзиниот Јутјуб канал наречено „Разбуди се Америка“. Со синовите, сега живее во градчето Френклин во државата Тенеси во САД.