(ФОТО) Јана и Александра во смели креации за новогодишната ноќ

Добивај вести на Viber

За специјалното новогодишно издание на музичкиот магазин „Стисни плеј“, водителките Александра Јовановска и Јана Бурческа одбраа смели креации, дело на познатата македонска дизајнерка и наша редовна колумнистка Ивана Кнез. 

Металик бојата која се забележува на миди здолништето на Јана е апсолутен хит меѓу празничните аутфити. Искомбиниран со црн топ, црни високи чизми и необично болеро, дава еден сосема младешки и тренди изглед. Александра, пак, го запазува трендот на фустан врз кошула. Станува збор за прилепен кожен фустан кој ја истакнува нејзината фигура, а под прерамките има бела кошула со лелеави ракави.

- Одлично е да се работи со девојки кои се свесни, позитивни, насмеани и храбри. Секогаш прифаќам соработка со жени кои не сакаат да се претопуваат во маса и имаат исклучителен визуелен печат! - ни изјави Ивана Кнез.